18 Јуни, 2025
0.0286

АТЕНТАТ НА АЈАТОЛАХОТ ХАМНЕИ ЌЕ СТАВИ КРАЈ НА ВОЈНАТА ИРАН-ИЗРАЕЛ: Нетанјаху не ја исклучува можноста за ликвидација на верскиот лидер

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2025 22:32

Добивај вести на Viber

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за ABC News изјави дека не ја исклучува можноста за атентат врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, тврдејќи дека таков потег „нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши“.

Нетанјаху: Ова е за заштита на човештвото

Кога директно го прашаа дали Израел ќе го таргетира врховниот лидер, Нетанјаху одговори: „Правиме она што мораме. Веќе ги таргетиравме нивните водечки нуклеарни научници. Беше како нуклеарниот тим на Хитлер. Сè уште имаме работа на други локации“, додаде тој.

Нетанјаху, исто така, изјави дека нападите на Израел врз Иран имаат за цел, како што рече, „заштита на човештвото“ од иранската нуклеарна закана.

„Денес целта е Тел Авив, утре може да биде Њујорк“, рече Нетанјаху. „Ја разбирам политиката „Америка на прво место“, но не ја разбирам „Америка мртва“.

Трамп наводно го отфрлил израелскиот план за атентат

Претходно, Ројтерс објави дека американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил израелскиот предлог за атентат врз ајатолахот Хамнеи, повикувајќи се на двајца високи американски претставници. Според нивните тврдења, предлогот бил изнесен во последните неколку дена, но Трамп ставил вето на планот.

Нетанјаху ги негираше тврдењата во интервју за „Фокс њуз“: „Постојат многу лажни извештаи за разговори што никогаш не се случиле и нема да навлегувам во тоа. Но, можам да кажам дека ќе направиме што треба да направиме. И мислам дека Соединетите Држави знаат што е добро за нив.“

Тој додаде дека израелските напади ќе престанат само кога ќе бидат отстранети сите ирански нуклеарни капацитети.

Ајатолахот Али Хамнеи, кој има 85 години, е врховен лидер на Иран од 1989 година и е најмоќната политичка и религиозна фигура во земјата. Неговиот авторитет ги надминува сите други институции, вклучувајќи ги претседателот и парламентот, и тој игра клучна улога во обликувањето на надворешната политика и нуклеарната програма на Иран.

фото: EPA

Можеби ќе ве интересира

ИМ СЕ ДОСЕЛУВААТ И БОГАТИ СТРАНЦИ: Koja земја има најголемо богатство по глава на жител?

ИМ СЕ ДОСЕЛУВААТ И БОГАТИ СТРАНЦИ: Koja земја има најголемо богатство по глава на жител?

„ЕКСПЛОДИРАА“ ЦЕНИТЕ НА КИРИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Порастот стигнува и до 107 отсто

„ЕКСПЛОДИРАА“ ЦЕНИТЕ НА КИРИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Порастот стигнува и до 107 отсто

Дали четиридневната работна недела е решение за подобар живот и поголем профит?

Дали четиридневната работна недела е решение за подобар живот и поголем профит?

Која земја му врти грб на доларот?

Која земја му врти грб на доларот?

ХРВАТИТЕ И ЦРНОГОРЦИТЕ ГИ СПОРЕДИЈА ЦЕНИТЕ НА ИСТ ПРОИЗВОД: Каде е поскапо?

ХРВАТИТЕ И ЦРНОГОРЦИТЕ ГИ СПОРЕДИЈА ЦЕНИТЕ НА ИСТ ПРОИЗВОД: Каде е поскапо?

КЕЛНЕРИ, ПИЦА МАЈСТОРИ, ЧИСТАЧКИ: Колкави плати им нудат Хрватите?

КЕЛНЕРИ, ПИЦА МАЈСТОРИ, ЧИСТАЧКИ: Колкави плати им нудат Хрватите?

„Министерството за енергетика и ФИНКИ го отворија патот за заедничка дигитална трансформација на енергетскиот сектор“

„Министерството за енергетика и ФИНКИ го отворија патот за заедничка дигитална трансформација на енергетскиот сектор“

ЗА ПОВЕЌЕТО ОВА Е НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Само една земја во светот произведува доволно храна за своите потреби

ЗА ПОВЕЌЕТО ОВА Е НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Само една земја во светот произведува доволно храна за своите потреби

СЕГА 78 РУБЉИ СЕ МЕНУВААТ ЗА ЕДЕН ДОЛАР: Какви се прогнозите за руската валута?

СЕГА 78 РУБЉИ СЕ МЕНУВААТ ЗА ЕДЕН ДОЛАР: Какви се прогнозите за руската валута?

OSZAR »