19 Јуни, 2025
0.0327

ЦЕНАТА НА СТРЕСОТ ИЗНЕСУВА 200.000 ДОЛАРИ ГОДИШНО: Дури и деца на шест години доживуваат стрес

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2025 07:37

Добивај вести на Viber

Во свет во кој забрзаниот ритам на живеење и постојаните предизвици стануваат секојдневие, стресот повеќе не ги заобиколува ниту најмладите, а секако возрасните со стресот живеат секој ден. Од деца на само шест години, до млади луѓе и возрасни под постојан притисок, стресот се наметнува како тивка, но сериозна закана по психофизичката рамнотежа. На неодамнешната Конференција Баланс, посветена токму на оваа тема, Марија Синановиќ педагог, ментор и основач на едукативниот центар Yellow Brick  говореше отворено за разновидните форми на стрес, нивното влијание врз менталното здравје и потребата од навремено препознавање и справување со оваа современа епидемија.

Стресот кај најмладите и современиот предизвик: Марија Синановиќ на Конференцијата Баланс

Дури и деца на шест годишна возраст доживуваат стрес, што е алармантен показател за современиот начин на живот и растечките психолошки притисоци.

„Стресот е универзален, но најзагрижувачки е што не ги штеди ни најмалите. Тие се изложени на анксиозности и притисоци кои некогаш ги доживуваат повеќе од возрасните,“ рече Синановиќ.

Во својата презентација, таа ги цитираше податоците од Американскиот институт за стрес според кои 90 отсто од луѓето во САД доживуваат стрес, а годишната цена на оваа состојба достигнува 200 милијарди долари. Над 60 отсто од младите на возраст од 18 до 23 години чувствуваат сериозен стрес, додека кај постарите генерации тој процент е помал. Повеќе од половина од населението користи средства за спиење поради нарушувања предизвикани од стрес.

Синановиќ објасни дека стресот има биолошка основа но, денешниот стрес е најчесто ментален и предизвикан од нашите мисли и предизвици во секојдневниот живот, што го прави потежок за справување.

Видови на стрес: Траума, Опсесија, Шум и Баз

Професорката Марија ја нагласува потребата од препознавање на специфичните видови стрес за да можат да се справат ефективно. Таа објаснува дека стресот може да се дели според две димензии: надворешен и внатрешен (ментален/емоционален) и секојдневни микростресори и интензивни макростресови.

Траумата се карактеризира како интензивен, надворешен стресор што често е неочекуван и преоптоварувачки, како што се развод, војна или загуба на член од семејството. Синановиќ советува дека во такви случаи е клучно да се побара професионална помош, бидејќи е тешко да се надмине самостојно, односно индивидуално.

Опсесиите претставуваат интензивни, внатрешно генерирани стресови кои произлегуваат од нашите мисли и емоции. За разлика од траумите, опсесиите се развиваат постепено и можат целосно да ја окупираат личноста.

Шум или здодевните ситници се микростресори кои, иако поединечно не се значајни, се акумулираат и може да предизвикаат голем стрес, додека баз пак се наметливи, повторувачки мисли кои обично се фокусираат на негативни информации и го одржуваат менталниот стрес.

Таа ги дели стресорите на микростресори – мали и чести непријатности што се натрупуваат и можат да предизвикаат сериозни проблеми – и макростресори, кои се интензивни животни потреси како развод, загуба на близок или финансиски проблеми. Особено предупреди на опасноста од брнаутот, кој е резултат на долготраен и неконтролиран стрес и ја нагласи важноста од препознавање на првите симптоми.

„Често се гордееме што сме преоптоварени и стресни, но тоа е патот кон исцрпеност и нарушување на здравјето,“ предупреди таа.

Синановиќ го нагласи значењето на самопознанието и континуираното следење на симптомите на стрес. Препорача техники и вештини за управување со стресот и ја истакна важноста од препознавање на емоции како загриженост, страв, паника и анксиозност кои се поврзани со стресните ситуации.

Конференцијата Баланс, на која беше дел од говорниците, има за цел да ги подигне свеста и да понуди практични алатки за справување со современите предизвици на психофизичката рамнотежа.

„Само со свесно внимание и разбирање на сопственото тело и ум можеме навремено да реагираме и да ја победиме оваа тивка пандемија,“ заклучи Синановиќ.

Анита Буховски 

Можеби ќе ве интересира

Генералната секретарка на Собранието - Марина Димовска: Mагичната формула на збирот од амбицијата плус посветеноста, изедначен со успехот

Генералната секретарка на Собранието - Марина Димовска: Mагичната формула на збирот од амбицијата плус посветеноста, изедначен со успехот

ЧЕКАЊЕТО НА ГРАНИЦА Е НЕИЗБЕЖНО: Еве ја состојбата на граничните премини во земјава

ЧЕКАЊЕТО НА ГРАНИЦА Е НЕИЗБЕЖНО: Еве ја состојбата на граничните премини во земјава

СОСТОЈБАТА ВО М-НАВ Е ВЛОШЕНА: Струковиот синдикат на контролори на летање предупредува - застарениот технички систем е во критична состојба

СОСТОЈБАТА ВО М-НАВ Е ВЛОШЕНА: Струковиот синдикат на контролори на летање предупредува - застарениот технички систем е во критична состојба

Министерот Андоновски: Апасиев живее во Аеродром, а не знае каде да го регистрира новороденчето

Министерот Андоновски: Апасиев живее во Аеродром, а не знае каде да го регистрира новороденчето

ГРЦИЈА ЕКСТРАДИРА МАКЕДОНЕЦ ВО ГЕРМАНИЈА: Обвинет е за кражба и убиство на старец

ГРЦИЈА ЕКСТРАДИРА МАКЕДОНЕЦ ВО ГЕРМАНИЈА: Обвинет е за кражба и убиство на старец

МЕТЕОАЛАРМ: Можни се нови поројни дождови, ново големо невреме доаѓа во Македонија!

МЕТЕОАЛАРМ: Можни се нови поројни дождови, ново големо невреме доаѓа во Македонија!

КОГА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ ЗБОРУВА ЗА ВМРО, ЕВЕ КАКО ТОА ИЗГЛЕДА: „ВМРО не е ваша сопственост, ВМРО е во генот на Македонецот“, вели Костадинов

КОГА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ ЗБОРУВА ЗА ВМРО, ЕВЕ КАКО ТОА ИЗГЛЕДА: „ВМРО не е ваша сопственост, ВМРО е во генот на Македонецот“, вели Костадинов

„НЕТАНЈАХУ ВОЈУВА ЗАТОА ШТО ИМА 22 КРИВИЧНИ ЗА КОРУПЦИЈА“: Аналитичарот Гајдов со став за ситуацијата помеѓу Израел и Иран

„НЕТАНЈАХУ ВОЈУВА ЗАТОА ШТО ИМА 22 КРИВИЧНИ ЗА КОРУПЦИЈА“: Аналитичарот Гајдов со став за ситуацијата помеѓу Израел и Иран

ПРЕДИЗБОРНИ МАТЕМАТИКИ: Со кого ќе коалиција партијата на Димитриевски?

ПРЕДИЗБОРНИ МАТЕМАТИКИ: Со кого ќе коалиција партијата на Димитриевски?

OSZAR »