ДУРИ НИ СУПЕРБОМБАТА НА САД НЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ГО УНИШТИ ИРАНСКИОТ ФОРДО: Базата е закопана многу длабоко

Објавено во: Свет 19 Јуни, 2025 12:31
Американските невидливи бомбардери Б-2 Спирит, со кои може
да се лансира оваа бомба веќе се распоредени во американската воена база „Диего
Гарсија“ во Индискиот Океан. Поранешен американски разузнавач и други
аналитичари сметаат дека базата во Фордо во Иран е закопана подалбоко од
досегот на бомбата.
Американските бомби познати како разурнувачи на бункери „можат да достигнат длабочина од само 60 метри, но иранските објекти се длабоки 90 метри, па затоа е можно САД да не можат ниту да го уништат нуклеарниот материјал на Иран“.
Поранешниот американски разузнавач и воен експерт Метју Шумејкер сето ова му го пренесе на Тим Рос од „Плејбук“, наведува Политико.
Ако нападот успее, рече Шумејкер, последиците што ќе произлезат „претставуваат значителна хемиска опасност за секого во областа“ и би можеле да се прошират преку ветрот.
Изјавите на Шумејкер доаѓаат во време кога американскиот претседател Доналд Трамп размислува да се вклучи во војната меѓу Израел и Иран, на страната на Иран. Блумберг објави дека американските претставници подготвуваат можен напад во наредните денови. Аналитичарите велат дека за САД се клучни три нуклеарни бази во Иран, меѓу кои и онаа во Фордо и дека на Израел му е потребна помошта од САД. Американските невидливи бомбардери Б-2 Спирит, со кои може да се лансира оваа бомба веќе се распоредени во американската воена база „Диего Гарсија“ во Индискиот Океан.
„Фајненшл Тајмс“ исто така анализира дека базата во Фордо може да биде недостапна дури и ако биде фрлена бомбата GBU‑57 E/B, наречена масивен пенетратор за муниција (MOП), најмоќната ненуклеарна бомба во светот, која е специјално дизајнирана за вакви мисии.
„Способна да пробие над 60 метри карпи и почва, МОП потенцијално би можела да уништи голем дел од иранската локација Натанц, закопана 20 метри под земја. Сепак, објектот Фордо претставува поголем предизвик поради неговата локација на 80 метри под земјата до планинска карпа и евентуално подлабоко, што го прави неизвесно дали дури и повеќе MОП би можеле целосно да го елиминираат.“
фото: EPA-EFE/MAXARМожеби ќе ве интересира
ПУТИН СЕ ПОФАЛИ ДЕКА НЕГОВАТА ВНУКА ЗБОРУВА КИНЕСКИ: Објасни зошто е така

БЕЛАТА КУЌА: Трамп за две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

ДЕВОЈЧЕ ОД УКРАИНА ДОШЛО ВО ИЗРАЕЛ НА ЛЕКУВАЊЕ: Загина заедно со семејството

НЕТАНЈАХУ: Мојот син по вторпат мораше да ја откаже венчавката поради нападите

САД ЌЕ ГО НАПАДНЕ ИРАН? Во тек се дипломатски разговори

„НЕТАНЈАХУ ВОЈУВА ЗАТОА ШТО ИМА 22 КРИВИЧНИ ЗА КОРУПЦИЈА“: Аналитичарот Гајдов со став за ситуацијата помеѓу Израел и Иран

ТРАМП ДО ПУТИН: Реши си го прво твојот проблем, па грижи се за Иран
