ЕСМ вонредно купи струја од трговци по пожарот во РЕК Битола

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2025 14:48
АД ЕСМ вонредно купува струја на отворениот пазар од трговци-снабдувачи откако пред два дена се случи инцидент во РЕК Битола, кога блок 2, единствениот што во моментот произведуваше струја, автоматски се исклучи од системот,.
Официјално, системот детектирал зголемена температура, поради пожар во близина на ормарот за електронско управување. Од ЕСМ предупредија на потенцијална саботажа, оти покрај орманот се пронајдени опожарени дрвени елементи, па се наведува на тоа дека некој влегол, намерно го запалил огнот, за да предизвика исклучување на блокот.
Во меѓувреме, целата централа остана без работа бидејќи првиот блок е во редовен ремонт, а третиот е исклучен поради намалена побарувачка. Од ЕСМ смируваат, струја има доволно, оти недостатокот го обезбедуваат хидроцентралите и купената струја на берза.
Денеска се објавени резултати, според кој ЕСМ Продажба купува електрична енергија за наредните три дена. Од шест трговци ќе бидат купени повеќе од 12.000 мегаватчасови по цена од околу 90 евра по мегаватчас. Тоа значи дека преку објавен повик ќе бидат потрошени над еден милион евра. Претходно, последен пат ЕСМ купуваше увозна струја од надворешни снабдувачи во април.за време на грејната сезона.
Ова не е првпат сомнителен инцидент да ја погоди централата. Пред четири години, голем пожар го уништи трансформаторот на еден од блоковите, предизвикувајќи огромна штета и година ипол чекање на набавка на нов трансформатор. Виновникот е се уште непознат. РЕК Битола е објект од стратешко значење и е под посебно обезбедување. Кој и зошто би сакал да му наштети, ќе отркие истрагата, во која ќе се прегледуваат и надзорните камери.
На почетокот на 2023 година Блок 3 на РЕК „Битола“ имаше проблеми во функционирањето поради увозниот јаглен кој што по употребата остави наслаги слични на бетон со нивно тешко и ризично отстранување за постројката. Згурата предизвика сериозни оштетувања во Блок 3 поради несоодветниот состав на јагленот.
А.К.Можеби ќе ве интересира
Одобрена е првата продажба на запленетиот имот на Мијалков и Груевски, се очекуваат почетни 3,5 милиони евра

ИЛОН МАСК СЕ ВРАЌА „ВО ИГРА“: Роботаксиите доаѓаат, а акциите на Тесла вртоглаво растат
ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВРЕДНОСТ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА: „ја враќаме надежта за развој на јужниот крај на Македонија“- изграден регионалниот пат кој ги поврзува Гевгелија и Богданци

ИРАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГЛАСА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ХОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ: А тој е апсолутно неопходен за светската трговија со нафта

ГЛОБАЛНИТЕ АКЦИИ ПАЃААТ ПОРАДИ ЕСКАЛАЦИЈАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Инвеститорите стравуваат од поширока криза

ЗБОГУМ НА ЛЕГЕНДАТА: Последните 55 единици пристигнаа во Европа – го нарекуваат „модел за збогум“

ТРИПУНОВСКИ ЌЕ ГИ ВРАЌА МЛАДИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО: Вели дека имаат сет мерки за тоа
ПОЧИНА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАНКАРСКИ БИЗНИСМЕНИ: Тој го создаде FedEx и заработи милијарди

ДО СРЕДИНА НА ЈУЛИ ПРИСТИГНУВААТ 120 АВТОБУСИ: Ќе стигнат со станици за полнење
