ЕВРООБВРЗНИЦА ОД НАД 700 МИЛИОНИ ЕВРА: Како Македонија планира да финансира дел од буџетскиот дефицит?

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2025 07:52
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека веќе се работи на подготовка за издавање на нова еврообврзница за следната година со цел да се обезбедат средства за сервисирање на еврообврзницата што доспева во 2026 година којашто е во износ од 700 милиони евра.
- Тоа ќе биде износ поголем од 700 милиони евра, бидејќи дел од евентуалниот буџетски дефицит за 2026 година исто така ќе го финансираме преку еврообврзницата. Најголемиот дел од Буџетот во 2025 година го финансиравме преку домашните банки, но сега е време да се насочиме кон меѓународните финансиски пазари, истакна Димитриеска-Кочоска за телевизија „Сител“.
Во однос на проектот за изградба на брзата пруга која е дел од Коридорот 10, минисетрката рече дека не се предвидени повлекување на средства ниту оваа, ниту наредната година. Верува дека ќе има добри понуди од меѓународните финансиски институции.
- Ќе следи анализа на понудите, а потоа ќе има закон за задолжување, а имаме и избори. Со информациите што ги имаме од Министерството за транспорт и врски првите исплати ќе бидат во 2027 година, рече Димитриеска-Кочоска.
За ребалансот на Буџетот рече дека е направен со јасна фокусираност на одржување на фискалната дисциплина, поддршка на приоритетните проекти и ефикасно прераспределување на буџетските средства.
Најголем дел од кратењата, како што посочи, се направени во рамки на Владата.
- Обезбедивме дополнителни 800 милиони денари за плати, од кои најголемиот дел се за Министерството за внатрешни работи – 600 милиони денари од буџетската сметка и уште 400 милиони денари од сопствени средства во нивниот буџет. Ова овозможува зголемување на платите во МВР за 10 проценти, во вкупен износ од околу една милијарда денари, рече Димитриеска-Кочоска, додавајќи дека се обезбедени дополнителни 2,5 милијарди денари за исплата на пензиите.
Зголемување на средствата над една милијарда денари има и во Министерството за одбрана, како и во Министерството за социјална политика, демографија и млади каде се обезбедени дополнителни 300 милиони денари за невладини организации за услуги за стари и изнемоштени лица.
Во преговорите со надлежните министерства, како што посочи министерката, било инсистирано на конкретни податоци за склучени договори, динамика на реализација и временски рокови. Дополнителни средства, вели, се доделени само таму каде што има реална основа и висок степен на извршување.
Можеби ќе ве интересира
ФОТО: НИКОЛОСКИ И ТРАЈАНОВСКИ ВО АКЦИЈА: Беа во увид на патот Кичево-Охрид, најавија пуштање во употреба на делницата кај Подмоље вечерва

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА Е ПОБОРНИК ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Во септември доаѓа ново покачување

„ВЕЌЕ ПЛАЌАМЕ КАМАТИ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОД КОЈ НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИШТО“: Костадинов вели цената е веќе кажана - 2 милијарди евра!

ПРВАТА ПРОДАВНИЦА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВО СКОПЈЕ? Познатиот дански синџир на продавници Flying Tiger доаѓа на Балканот, ќе отворат 400 работни места!

ВОДИЧ ЗА ЛЕТУВАЊЕ ВО АЛБАНИЈА: Кои се цените, која рута да се избегне и колку чинат патарините?

ПЛАТА ОКОЛУ 812 ЕВРА: Колку Хрвати ја примаат оваа сума?

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ: Русија е број еден во Европа по БДП и четврта во светот

Директорка за човечки ресурси откри која грешка во CV-то може да ве чини скапо

СТАТИСТИКА ОБЈАВИ НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлкава е просечната плата во Македонија?
