ИРАН ПОТВРДИ: Израел елиминираше уште еден нуклеарен научник

Објавено во: Свет 27 Јуни, 2025 18:52
Иран ја потврди смртта на уште еден нуклеарен научник, убиен во израелските напади.
Според полуофицијалната новинска агенција Тасним, Иранскиот универзитет за наука и технологија соопшти дека инженерот Сулејман Солејмани, дипломиран на Одделот за хемиско инженерство, е убиен во израелските напади.
Техеран не објави дополнителни детали за околностите на смртта на Солејмани или точната локација на нападот.
Тасним објави дека Солејмани бил „нуклеарен научник од нашата земја кој бил убиен во нападите на ционистичкиот режим“.
Потврдата доаѓа откако Израел соопшти дека убил 11 нуклеарни експерти и дека погодил неколку истражувачки центри поврзани со нуклеарната програма на Иран во 12-дневна воена операција.
Двете земји 12 дена војуваа. Израел тврдеше дека Иран ако произведе нуклеарно оружје, ќе ги загрози нив.
Можеби ќе ве интересира
НАПАД СО НОЖ И ВО ФИНСКА: Повредени се четири лица

НЕКОЛКУ ЛУЃЕ СЕ ПОВРЕДЕНИ: Напад со нож имаше во воз во Германија

УКРАИНЦИТЕ СО ХИМАРС ГО ГАЃАА КУРСК: Русите потврдија дека загинал вториот човек на руската морнарица

Шок во фудбалскиот свет: Диого Жота, ѕвездата на великанот Ливерпул почина во сообраќајка

ИМАЛ ВРСКИ СО РУСИЈА: Зеленски му го одзеде украинското државјанство на митрополитот Онуфриј

(ВИДЕО) КИМ ЏОНГ УН ПЛАЧЕ ЗА ВОЈНИЦИТЕ ЗАГИНАТИ ВО КУРСК: Клекна покрај ковчег обвиен со државното знаме

РУТЕ ЗА ЛАВРОВ: Tој е министер од времето на Христос и ништо корисно не излезе од неговата уста

АМЕРИКА НА ПРВО МЕСТО: Oдредени типови оружје Украина нема да ги добие
