17 Јуни, 2025
0.0281

„Како до здрави навики“ – нов водич за поздрав живот промовиран од Здружението на лекари специјализанти

Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2025 16:02

Добивај вести на Viber

Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС) го промовираше новиот водич за здрав живот под наслов „Како до здрави навики“, со кој нуди јасни и практични препораки за подобрување на животниот стил кај сите генерации.

Водичот опфаќа теми како што се балансирана исхрана, безбедно и ефективно вежбање, управување со стрес, контрола на крвниот притисок и шеќерот, како и стратегии за постепено откажување од пушење или премин кон помалку штетни алтернативи. Советите се усогласени со актуелните насоки на водечките европски здравствени асоцијации, пренесен е на јасен и разбирлив јазик и поткрепен со научни докази.

Водичот е изработен од специјалистите и специјализантите од  Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС), асс. д-р Никола Манев, д-р Александра Георгиева, д-р Симона Сапунџија, д-р Наташа Петровска и фитнес тренерот Марио Јовановски.


„Со овој водич сакаме да допреме до што повеќе луѓе и да ја поттикнеме свеста дека здравите навики не се привилегија, туку избор што секој од нас може да го направи. Нашата цел е да понудиме алатки кои ќе помогнат на поединците да го преземат здравјето во свои раце – чекор по чекор, без притисок, но со поддршка и информации што се навистина важни“, изјави д-р Александра Георгиева.

„Како до здрави навики“ ќе може бесплатно да се преземе од веб-страницата на Здружението на лекари специјализанти, а летово претставници на ЗЛС ќе присуствуваат на музички фестивали и општински настани низ земјата, каде што посетителите ќе можат да го добијат водичот во печатена форма и да разменат идеи со лекарите и волонтерите.

Водичот е дел од проектот „Стоп за лоши навики“,кој иницира јавен дијалог за најчестите незаразни болести и нивната превенција и ја охрабрува примената на здравите животни навики на индивидуално и на колективно ниво. Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС) во рамките на проектот организираше фокус групи со дискусии за навиките на македонската популација, растечката пандемија на дебелина со посебен акцент на младата и тинејџерската популација, нискиот интерес за континуирана физичка активност, злоупотребата на алкохолот и пушењето.

Здружението на лекари специјализанти се основаше пред осум години, поради потребата за вистинско претставништво на младите лекари – особено на приватните специјализанти кои долго време беа во маргинализирана положба. Во овие години, ЗЛС се изгради како глас и заштитник на младите здравствени работници со проактивен пристап кон јавното здравје. 

Можеби ќе ве интересира

Твојата храброст е почеток на крајот на корупцијата

Твојата храброст е почеток на крајот на корупцијата

„UNIBANK INVITATIONAL 2025“ – Повеќе од турнир, јубилејна прослава на лојалноста и спортот

„UNIBANK INVITATIONAL 2025“ – Повеќе од турнир, јубилејна прослава на лојалноста и спортот

ИНТЕРВЈУ ОЛЧАК: Младите мора да ги заштитиме од пристап до тутунски производи, но на возрасните пушачи сакаме да дадеме шанса за промена

ИНТЕРВЈУ ОЛЧАК: Младите мора да ги заштитиме од пристап до тутунски производи, но на возрасните пушачи сакаме да дадеме шанса за промена

Промоција на книгата „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски

Промоција на книгата „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски

Скопје доби нов Дизајн - центар!

Скопје доби нов Дизајн - центар!

Францускиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

Францускиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

dm ги претстави заедничките резултати од Извештајот за одржливост

dm ги претстави заедничките резултати од Извештајот за одржливост

Летото е тука, а вие бидете заштитени под сонцето заедно со sundance!

Летото е тука, а вие бидете заштитени под сонцето заедно со sundance!

Истражувања во САД за уредот Glo* – подобра алтернатива од пушењето цигари

Истражувања во САД за уредот Glo* – подобра алтернатива од пушењето цигари

OSZAR »