„Кога телото зборува, јас слушам“: Прва епизода од втората сезона на dm поткастот „Женски Ритам”

Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2025 12:38
“Жените се движење, жените се ритам, секоја од нас има своја посебна енергија, моќ, причина за постоење и делување” со овие зборови водителката Живкица Каленикова ја започнува првата епизода од новата втора сезона на долгоочекуваниот dm поткаст „Женски ритам“.
Во првата епизода, гости се Лејла Рамковска, јога инструкторка и сопственичка на јога студиото Club8, инфлуенсерка и мајка на две деца и Даниел Трбогазов, дипломиран професор по физичко образование и главен уредник и основач на порталот „Мој Тренер“.
Лејла и Даниел во релаксирана и пријатна атмосфера дискутираат и го споделуваат своето долгогодишно експертско знаење и искуство поврзани со спортот, физичкото здравје, физичкиот развој на женското тело низ годините, како и за различните биолошки фази низ кои поминува секоја жена. Споделуваат и совети за секојдневни здрави навики кои придонесуваат за подобрување на општата психо-физичка состојба, и во состојби на хроничен замор и стрес. Моќта на малите здрави навики навистина можат да направат голема разлика за вашето тело.
Следете ги активно социјалните мрежи на dm за информации и новости поврзани со dm поткастот „Женски ритам” на тема женско здравје, бидејќи следуваат нови интересни содржини и нови аспекти од важноста на сеопфатното женско здравје.
ПР ОбјаваМожеби ќе ве интересира
Амбасадорска посета на ТИТАН Усје: Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј

Пакомак и Sound of Green најавуваат домашни и странски артисти за целовечерно музичко уживање

Компанијата КАМ - посветен партнер на македонската економија

BOOKирај одмор со книга од „Арс Ламина“ со попуст до 60%

Реновирана експозитурата на Шпаркасе Банка во Охрид – Нова ера на модерни услуги и одржлив развој

БЕЗБЕДНА И ПРЕЦИЗНА НЕВРОХИРУРГИЈА СО НАЈСОВРЕМЕН СИСТЕМ ЗА НЕВРОНАВИГАЦИЈА

Нов проект на Зегин “Летен Клуб #младина” – одлична можност за сите матуранти – фармацевтски техничари!

Како младите да одберат банка и на што да внимаваат?

Групацијата 4iG именува извршен директор и заменик-извршен директор на OНЕ Македонија
