07 Јули, 2025
0.0289

Мицкоски: Покрај опремата која ја набавивме за спречување на пожарите, во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2025 20:45

Добивај вести на Viber

Македонската интервентна пожарна, еве така да ја наречеме оваа единица, денес делуваше многу импресивно и мотивирачки. Денес се случи комплетна пренамена на полициските и армиски „БТР 80“, „Хермелини“ и „Пинцгауери“ кои беа управувани од луѓе кои се вешти од МВР и Армијата. На сите тие возила им е вграден различен резервоар, во зависност од статиката на возилото, да не дојде до изместување на тежиштето и да не дојде до превртување. 

Работеа инженери на овој проект. Резервоарите се од 1,5 метар кубен до 6, исто така се со вградени пумпи со различна „коњажа“, пумпи со различна можност, притисок итн и навистина тоа делува импресивно. Кога зборувавме со луѓето од Армијата колкав терен тие би можеле да покријат, ми беше кажано дека до 20 километри само овие возила кога би се распределиле би изгасиле пожар - рече премиерот Мицкоски во гостувањето на „Тема на денот“ во Дневникот на Сител телевизија.

Тој потенцираше дека оваа пренамена на старите армиски и полициски возила не ја чинело државата ништо, туку тоа било направено од општествено одговорни компании, а ако едно вакво возило чини 400 илјади евра, тогаш тоа значи дека заштедени се неколку десетици милиони евра од буџетот.

- Од друга страна отпочнат е огласот за вработување на 400 нови пожарникари. Ги охрабрувам луѓето преку општините, тие кои се чувствуваат подготвени да влезат во овој процес. Оваа единица, армиските хеликоптери и хеликоптерите на полицијата, а на тоа додадени и Ер тракторите, еден е вратен од сервис, другиот се враќа оваа недела, а третиот до крај на јули, ценам дека сме подготвени доколку оваа година се случат пожари да ги совладаме - истакна премиерот Мицкоски и дополни дека направените промени ветуваат спремност во справувањето со пожарите и за разлика од минатото државата ќе биде проактивна, а не реактивна на ова поле.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) МВР гаси со два хеликоптери кај Блаце

(ВИДЕО) МВР гаси со два хеликоптери кај Блаце

ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ ДО БЛАЦЕ НОРМАЛИЗИРАН: Укината е и забраната за товарните моторни возила и за автобусите

ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ ДО БЛАЦЕ НОРМАЛИЗИРАН: Укината е и забраната за товарните моторни возила и за автобусите

„ГРАДОТ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ГОРДОСТ, ГО ИМАТЕ МОЈОТ ЗБОР, ОВА НЕ Е ВЕТУВАЊЕ ОД ПОЛИТИЧАР“:Ѓорѓиевски се огласи по објавата дека тој ќе трча за градоначалничкото место за Скопје

„ГРАДОТ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ГОРДОСТ, ГО ИМАТЕ МОЈОТ ЗБОР, ОВА НЕ Е ВЕТУВАЊЕ ОД ПОЛИТИЧАР“:Ѓорѓиевски се огласи по објавата дека тој ќе трча за градоначалничкото место за Скопје

„СЕ ВАДИ КАКО МИНУС ПРЕД ЗАГРАДА, ДЕМЕК САМО ПРОВОЦИРАЛ“: Јакимовски му порача на Мицкоски, да ја профункционира државната администрација, за локалната да не се грижи

„СЕ ВАДИ КАКО МИНУС ПРЕД ЗАГРАДА, ДЕМЕК САМО ПРОВОЦИРАЛ“: Јакимовски му порача на Мицкоски, да ја профункционира државната администрација, за локалната да не се грижи

УШТЕ НЕ СТАНАЛ ГРАДОНАЧАЛНИК, НИКОЛОСКИ ВЕЌЕ КАЖА НА ШТО ЌЕ РАБОТИ ЃОРЃИЕВСКИ: Градски воз, трамвај и електрични еколошки автобуси

УШТЕ НЕ СТАНАЛ ГРАДОНАЧАЛНИК, НИКОЛОСКИ ВЕЌЕ КАЖА НА ШТО ЌЕ РАБОТИ ЃОРЃИЕВСКИ: Градски воз, трамвај и електрични еколошки автобуси

Од среда навечер продор на многу поладен воздух од северозапад во Македонија!

Од среда навечер продор на многу поладен воздух од северозапад во Македонија!

НОЌВА ЌЕ СЕ ШТИТАТ ОБЈЕКТИ, ДОМОВИ И ИНФРАСТРУТУРА, ЗА ПОЖАРОТ ДА НЕ ДОЈДЕ ДО НИВ: ЦУК со важно соопштение за пожарот кај Блаце

НОЌВА ЌЕ СЕ ШТИТАТ ОБЈЕКТИ, ДОМОВИ И ИНФРАСТРУТУРА, ЗА ПОЖАРОТ ДА НЕ ДОЈДЕ ДО НИВ: ЦУК со важно соопштение за пожарот кај Блаце

ГОРИ БЛИЗУ МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ КАЈ БЛАЦЕ КОН СКОПЈЕ: МВР го пренасочува сообраќајот, забрана за тешки товарни возила

ГОРИ БЛИЗУ МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ КАЈ БЛАЦЕ КОН СКОПЈЕ: МВР го пренасочува сообраќајот, забрана за тешки товарни возила

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БЛИЗИНА НА ПСИХИЈАТРИСКАТА БОЛНИЦА - пациентите и персоналот се евакуирани, екипите го ставија под контрола

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БЛИЗИНА НА ПСИХИЈАТРИСКАТА БОЛНИЦА - пациентите и персоналот се евакуирани, екипите го ставија под контрола

OSZAR »