18 Јуни, 2025
0.0551

Министерството за финансии побара 1,91 милијарди евра од 21 кредитор за изградба на брзата пруга

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2025 14:04

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии денеска испрати барање до 21 меѓународнa финансискa институциja и странски комерцијални банки за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга долж Коридорот 10. Износот кој се бара за реализација на проектот е 1,91 милијарда евра.

Барањето е доставено до Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Фондот за меѓународен развој на ОПЕК, Француската развојна агенција, КФВ Развојната банка, Италијанската развојна банка, Јапонската агенција за меѓународна соработка, германската ДЗ Банка, Морган Стенли, Уни Кредит Банка Австрија, Сити банк, ЏП Морган, Дојче Банк, Сосиете Женерал, Рајфајзен банк, ЕРСТЕ банк, Банка ИМИ, Банка на Америка, јапонската МУФГ Банка, како и американската Голдман Сакс. 

Од Министерството за финансии не споменува изработен конкретен проект, но вели дека има образложение од Министерството за транспорт и јавното претпријатие МЖ Инфраструктура за тоа зошто се бара волкава голема сума.

„Согласно испратеното барање, одговорот за пројавување интерес меѓународните финансиски институции и странските комерцијални банки треба да го достават до крајот на овој месец, со можност за продолжување на рокот по барање на банките. 

Имено, Министерството за финансии го испраќа барањето за пројавување интерес со меѓународните финансиски институции врз основа на Заклучок на Владата и врз основа на законските прописи, односно Законот за јавен долг. Заедно со барањето Министерството за финансии испраќа до меѓународните финансиски институции и банките и образложение за проектот подготвено од Министерството за транспорт и врски и МЖ Инфраструктура, а кое исто така е разгледано од страна на Владата“, соопшти МФ.

Министерката Гордана Димитриоска Кочоска претходно рече дека ако државата не може да ги враќа парите,гарантор со поддршка ќе биде Обединетото Кралство.

Можеби ќе ве интересира

ИМ СЕ ДОСЕЛУВААТ И БОГАТИ СТРАНЦИ: Koja земја има најголемо богатство по глава на жител?

ИМ СЕ ДОСЕЛУВААТ И БОГАТИ СТРАНЦИ: Koja земја има најголемо богатство по глава на жител?

„ЕКСПЛОДИРАА“ ЦЕНИТЕ НА КИРИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Порастот стигнува и до 107 отсто

„ЕКСПЛОДИРАА“ ЦЕНИТЕ НА КИРИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Порастот стигнува и до 107 отсто

Дали четиридневната работна недела е решение за подобар живот и поголем профит?

Дали четиридневната работна недела е решение за подобар живот и поголем профит?

Која земја му врти грб на доларот?

Која земја му врти грб на доларот?

ХРВАТИТЕ И ЦРНОГОРЦИТЕ ГИ СПОРЕДИЈА ЦЕНИТЕ НА ИСТ ПРОИЗВОД: Каде е поскапо?

ХРВАТИТЕ И ЦРНОГОРЦИТЕ ГИ СПОРЕДИЈА ЦЕНИТЕ НА ИСТ ПРОИЗВОД: Каде е поскапо?

КЕЛНЕРИ, ПИЦА МАЈСТОРИ, ЧИСТАЧКИ: Колкави плати им нудат Хрватите?

КЕЛНЕРИ, ПИЦА МАЈСТОРИ, ЧИСТАЧКИ: Колкави плати им нудат Хрватите?

„Министерството за енергетика и ФИНКИ го отворија патот за заедничка дигитална трансформација на енергетскиот сектор“

„Министерството за енергетика и ФИНКИ го отворија патот за заедничка дигитална трансформација на енергетскиот сектор“

ЗА ПОВЕЌЕТО ОВА Е НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Само една земја во светот произведува доволно храна за своите потреби

ЗА ПОВЕЌЕТО ОВА Е НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Само една земја во светот произведува доволно храна за своите потреби

СЕГА 78 РУБЉИ СЕ МЕНУВААТ ЗА ЕДЕН ДОЛАР: Какви се прогнозите за руската валута?

СЕГА 78 РУБЉИ СЕ МЕНУВААТ ЗА ЕДЕН ДОЛАР: Какви се прогнозите за руската валута?

OSZAR »