МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2025 13:59
До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Северна Македонија. Станува збор за државјани на Северна Македонија, како и членови на нивните потесни семејства, велат од МНР.
„Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата. Напоменуваме дека дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање“, велат од МНР.
Македонското Mинистерство за надворешни работи(МНР) објави телефони за помош на наши државјани кои се наоѓаат во Израел и во Иран. За помош и асистенција, граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546 Е-пошта: [email protected] Министерство за надворешни работи и надворешна трговија Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736 Е-пошта: [email protected]
Можеби ќе ве интересира
„ЕДНА ОД ПРВИТЕ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА ШТО УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАШЕ ПОВРАТОК НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ“: Муцунски објави убави вести

ШТО ТОА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО СТРУМИЦА? Костадинов се пофали со програмата за локалните избори

ЗАЕВ ДО ЦИПРАС: Во ова време на војни и хаотичен свет, сѐ повеќе сум среќен што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

МИЦКОСКИ: ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО основано во 1893 година

ВЛАДА: Усвоена е Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

ОЈО: Пијан маж ја натерал сопругата да му даде пари за дрога, па ја тепал
