04 Јули, 2025
0.0343

„НЕ МОЖЕМЕ ДА ЈА РАЗВИВАМЕ ДРЖАВАТА ВРЗ ЛАЖНИ ПОДАТОЦИ“: Мицкоски за пописот вели дека има основи за кривична одговорност

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2025 14:55

Добивај вести на Viber

Политичката одговорност за спроведувањето на пописот ја однесе претходната коалиција во опозиција, а треба да се види дали има основи за кривична одговорност, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговорот на новинарско прашање по работниот состанок во Управата за јавни приходи во Скопје поврзано со можноста за воведување на електронски попис.

Тој се осврна на вчерашниот одговор на пратеничко прашање и напомна дека електронскиот попис може да се направи врз основа вкрстуавање на десетина референтни бази на податоци и според насоките на ЕУРОСТАТ.

- Мојот предлог беше за да не се оспори правото на дијаспората, дајте ни една изборна единица и сите гласови една изборна единица. Не можеме да ја развиваме државата врз основа на лажни податоци. 

Секоја влада треба да го прави развојот врз некакви податоци. А врз основа на што? Седнеле двајца-тројца се договориле: пиши-бриши и завршиле работа. Се случувале чудни работи кои се темелеле на ништо, на ветер и магла. И сега од опозицијата ви кажуваат дека што требало да се прави. Тие ни остави опашки кои ги решаваме чекор по чекор - рече премиерот во одговорот.

Во врска со спроведувањето на електронски попис и влијанието врз намалување на бројот на советници на претстојните локални избори, Мицкоски рече дека станува збор за можност доколку се искаже сомнеж во бројот на населението.

- Тие што ја користеле таа методологија при пописот не требало да ја користат, иако не убедуваа дека била европска, светска, ама испадна дека не е така - рече премиерот.

Тој појасни дека редовни пописи се организираат на почетокот од секоја декада, односно се очкеува во 2031-2032 година, а за вонредниот попис, посочи дека доколку има политичка волја или сомнеж тој може да се организира брзо.

- Некој повторно се обидува да ги злоупотреби чувствата на граѓаните со политички пораки, а ова е техничка работа. И претходно како опозиција и сега како влада тоа го тврдиме - рече премиерот.

Тој оцени дека е добро што на претстојните избори се намалува бројот на советници, бидејќи како што кажа се намалуваат и трошоците. 

Можеби ќе ве интересира

МВР: Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора

МВР: Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора

КОСТАДИНОВ: Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз

КОСТАДИНОВ: Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз

И ДОМ ПРОТИВ ИДЕЈАТА НА ПРЕМИЕРОТ ЗА ДАНОК ЗА ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ВО БРАК: Oва претставува недозволив и опасен преседан

И ДОМ ПРОТИВ ИДЕЈАТА НА ПРЕМИЕРОТ ЗА ДАНОК ЗА ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ВО БРАК: Oва претставува недозволив и опасен преседан

МАКЕДОНЕЦ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА ВО СРБИЈА: Возачот заврши во болница

МАКЕДОНЕЦ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА ВО СРБИЈА: Возачот заврши во болница

МРЕЖАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА: Изјавата на Мицкоски претставува закана за основните човекови права

МРЕЖАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА: Изјавата на Мицкоски претставува закана за основните човекови права

СДСМ ЗА ИДЕЈАТА НА МИЦКОСКИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ДАНОЦИ ЗА ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ВО БРАК: За ваквите мерки нема место ни во земјите од третиот свет

СДСМ ЗА ИДЕЈАТА НА МИЦКОСКИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ДАНОЦИ ЗА ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ВО БРАК: За ваквите мерки нема место ни во земјите од третиот свет

ЈАКИМОВСКИ СО УБАВИ ВЕСТИ СЕ ПОФАЛИ НА ФЕЈСБУК: „На секој на оваа планета му ја посакувам оваа среќа да доживее да има внуче“

ЈАКИМОВСКИ СО УБАВИ ВЕСТИ СЕ ПОФАЛИ НА ФЕЈСБУК: „На секој на оваа планета му ја посакувам оваа среќа да доживее да има внуче“

„ВЛАДАТА НАПРАВИ ГОЛЕМА ГРЕШКА ШТО ГО ПОСТАВИ ЈАЗИКОТ КАКО АЛАТКА“: Османи вели „Време е да се престане со националистичко родео“

„ВЛАДАТА НАПРАВИ ГОЛЕМА ГРЕШКА ШТО ГО ПОСТАВИ ЈАЗИКОТ КАКО АЛАТКА“: Османи вели „Време е да се престане со националистичко родео“

МЕСТО ДА ГИ ЧУВА, ГИ ПРОДАВАЛ ДОКАЗНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ: Обвинителство бара притвор за полицаецот кој продавал запленето злато

МЕСТО ДА ГИ ЧУВА, ГИ ПРОДАВАЛ ДОКАЗНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ: Обвинителство бара притвор за полицаецот кој продавал запленето злато

OSZAR »