06 Јули, 2025
0.0297

„ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГОДИНИ НА ГРЧКА ГРАНИЦА СО ЧЕКАЊЕТО ПО 10 СААТИ Е НАДВОР ОД УМОТ!“Македонец со апел, бара поддршка за решавање на проблемот со чекањето на Евзони!

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2025 07:00

Добивај вести на Viber

Во целост го пренесуваме неговиот став со кој многумина се сложуваат.
Ова што се случува со години на грчка граница со чекањето по десет саати е целосно надвор од умот! Ги замолувам администраторите на оваа влијателна група за летување во Грција да направат напори да стапат во контакт со владини претставници на Грција, Србија и Македонија и да го пренесат големото незадоволство на пола Балкан и конечно да се реши овој голем проблем! Деца и родители паѓаат у несвест од топлото, возила се расипуваат по пат поради стоење во место со саати со уклучена клима на +50 степени, се прават сообраќајки поради умор од топлото итн.

Иако Грција е членка на ЕУ, мора да има начин некако да се забрза протокот на возила и луѓе преку Евзони, затоа што скоро секогаш на Грците или им паѓа системот или имаат два шалтера за поминување а другите седат празни! Барем да се усогласат со македонската полиција и да имаат секогаш исти број на шалтери, а не од македонска страна да има дупло повеќе шалтери а грчката страна да си се лади под клима! Запознаен сум со системот за читање пасоши на македонската страна и тврдам дека е далеку подобро софтверско решение од грчкиот софтвер, истиот чита и процесуира побрзо, а тоа можат да го направат и грците за малку да се убрза!

Инаку, за некој ден започнува ONE STOP системот помеѓу Македонија и Србија и на тие гранични премини мислам дека ќе биде далеку побрзо за поминување.

Оваа година два пати одам за Грција и два пати чекам по четири саати за да поминам, како најголеми криминалци не' третираат а ние милијарди и милијарди годишно им оставаме за одмор! На страна тоа што секој втор се враќа без таблици во Србија и Македонија и на страна тоа што грчката полиција казнува ако прднеш во сопственото возило и казните се превисоки, додека грците никој не ги чепка! Во случај да ова лудило не прекине, јас и мојата фамилија (а голем дел од мои пријатели истото го мислат) веќе во Грција на одмор не одиме, па на толку малтретирање треба да сме мазохисти да се тоа со години го трпиме!“, напиша тој.


Можеби ќе ве интересира

„МОЛЧИ ВЛАДАТА, МОЛЧИМЕ И НИЕ“: семејствата на починатите во дискотеката „Пулс“ и денеска излегоа на улиците низ Кочани

„МОЛЧИ ВЛАДАТА, МОЛЧИМЕ И НИЕ“: семејствата на починатите во дискотеката „Пулс“ и денеска излегоа на улиците низ Кочани

(ОБНОВЕНО) ПОЖАР ВО ФАБРИКАТА ЗА МУНИЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИ БРОД - на терен веднаш се испратени противпожарните екипи

(ОБНОВЕНО) ПОЖАР ВО ФАБРИКАТА ЗА МУНИЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИ БРОД - на терен веднаш се испратени противпожарните екипи

„СЕДИ БОБИ КЕЦ“: Арсовска со критика до градоначалникот на Гази Баба, ама и тој и одржа „повратна“ лекција

„СЕДИ БОБИ КЕЦ“: Арсовска со критика до градоначалникот на Гази Баба, ама и тој и одржа „повратна“ лекција

„БАЈАЧ“ ОД ТРУБАРЕВО ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - успеал да извлече 400 илјади евра од брачен пар од Берово

„БАЈАЧ“ ОД ТРУБАРЕВО ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - успеал да извлече 400 илјади евра од брачен пар од Берово

ЗАГИНА 17-ГОДИШЕН МОТОРЦИКЛИСТ ОД КИЧЕВО - повеќе сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие

ЗАГИНА 17-ГОДИШЕН МОТОРЦИКЛИСТ ОД КИЧЕВО - повеќе сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие

„Незаконски се приклучил на мрежата за питка вода за да наводнува НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ метри квадратни пластеници“: Арсовска со шокантна објава

„Незаконски се приклучил на мрежата за питка вода за да наводнува НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ метри квадратни пластеници“: Арсовска со шокантна објава

„НАЈДОБРИ ЗА СЕМЕЕН ОДМОР“: еве кои македонски градови се најдоа на листата

„НАЈДОБРИ ЗА СЕМЕЕН ОДМОР“: еве кои македонски градови се најдоа на листата

„Со Муцунски на чело на МНР се најавува и најголемиот срам - бришење на македонскиот јазик“: Жерновски со остра критика

„Со Муцунски на чело на МНР се најавува и најголемиот срам - бришење на македонскиот јазик“: Жерновски со остра критика

ЧЕТИРИ АКТИВНИ ПОЖАРИ ВО ЗЕМЈАВА - изгаснати се исто толку, горат шуми, ниска вегетација и диви депонии

ЧЕТИРИ АКТИВНИ ПОЖАРИ ВО ЗЕМЈАВА - изгаснати се исто толку, горат шуми, ниска вегетација и диви депонии

OSZAR »