Превработеноста во „Национални шуми“ се намалува откако претходно предизборно се зголеми

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2025 10:23
Звучи чудно за македонски услови, но јавното претпријатие „Национални шуми“, еден од најголемите работодавачи во земјата, во текот на минатата година успеало да ја намали превработеноста за околу 150 работници на неопределено време.
Ваквиот потег следува откако претходно на крајот на 2023 беше одобрено вработување на 411 работници на неопределено време, за кои подоцна се испостави дека е несоодветен стручен кадар. Во меѓувреме бројот на вработени се зголеми на над 1.700 работници, но на крајот на минатата година тој се намалил на 1.586 вработени.
Во годишниот извештај за работењето на јавното претпријатие сепак загрижувачки е тоа што се вели дека 150-темина заминати се потребни работници кои претходно работеле на продуктивни позиции.
- Со оглед на големиот одлив на вработени од клучни работни позиции кои се носечки на дејноста во Јавното претпријатие се соочување со големи проблеми во редовното функционирање и извршување на работите од дејноста и се доведува во прашање сигурноста во давањето на услугите, континуитетот и квалитетот на услугите, коментираат од „Национални шуми“ во извештајот.
Понатаму пишува дека за редовното работење постои реална потреба од профили како шумарски инжинери, шумарски техничари, економисти и ракувачи со градежни машини, како и шумочувари.
Дека ова е така потврдуваат бројките кои велат дека за околу 15 отсто е намалена сечата, иако поголемиот дел од производството се должи на надворешни соработници, а исто така за овој процент е намалена и продажбата на дрво.
Трошоците за вработените во текот на 2024 се намалени за 4 отсто, односно на 14 милиони евра, што е редок феномен во јавниот сектор во државата. За иплата на бруто плати биле потрошени 13,45 милиони евра, односно половина милион евра помалку, со што е прикажано намалување за 3 отсто во 2024.Сепак, треба да се каже дека не се работело целосно самофинансирачки, бидејќи јавното претпријатие во август лани добило државна помош од 250 милиони денари од буџетот за исплата на плати на вработените.
Загубата што е прикажана на крајот на годината е нешто помала од 1 милион евра.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
„Реплек“ гази во првото полугодие! Извозот зголемен за 18%, продажбата дома пораснала 34%

ШЕЈН ЌЕ МОРА ДА ПЛАТИ 40 МИЛИОНИ ЕВРА КАЗНА - Францускиот регулатор утврди дека нуделе лажни попусти

Во „Водовод и канализација - Скопје“ зачудени, дневно се трошеле по 700 литри вода по човек

Македонија ги укина царините за американски производи: Ќе има ли реципроцитет?

Колку пари од продажба нови акции за една недела собра платформата „Глеј“?

Циговски го продаде ресортот Маврово, но има проблем да ја наплати продажбата

MAКЕДОНИЈА ИМ Е ПОЕВТИНА ОД ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА, ТУРЦИЈA: Странците ни одговорија што мислат за цените во земјава...

СРБИЈА ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМИ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА: Ќе изнесува 650 евра?

Цени на лежалки од Бугарија до Сен Тропе: Еве каде можете да ги изнајмите најевтино
