СУПЕРЈАХТАТА НА АМЕРИКАНСКО - УКРАИНСКИ МИЛИЈАРДЕР ЗАКОТВЕНА ВО ХРВАТСКА: Се шират гласини дека Елон Маск е на неа

Објавено во: Финансии 27 Јуни, 2025 07:30
Суперјахтата „Мунрајз“, долга речиси 100 метри, во сопственост на американско-украинскиот милијардер Јан Кум, познат компјутерски програмер, е закотвена во близина на островот Лопуд. Меѓу локалното население кружат гласини дека Елон Маск е на бродот, но таа информација сè уште не е потврдена.
„Мунрајз“ е најголемата јахта изградена од холандското бродоградилиште Федшип во својата фабрика во Макум, а Кум ја презеде во 2020 година за 220 милиони американски долари. Јахтата може да смести 16 гости во осум апартмани, со услуга на 32 члена на екипажот.
Покрај хелиодромот, јахтата има теретана, велнес центар и гаража со сите потребни погодности за забава на море. Сè што не е на јахтата е на катамаран од 68 метри, логистички брод што го придружува „Мунрајз“.
Јан Коум, 49-годишниот коосновач и поранешен извршен директор на WhatsApp, ја продаде компанијата на Facebook во 2014 година за 19,3 милијарди долари. Според Forbes, неговата нето вредност од октомври 2023 година се проценува на 15,2 милијарди долари, што го прави еден од најбогатите луѓе во светот.
Блиц.рсМожеби ќе ве интересира
ГИ НАДМИНА И СОПСТВЕНИТЕ РЕКОРДИ - Nvidia со нов успех, пазарна вредност близу 4 трилиони долари

НАД 30 МИЛИОНИ ЕВРА „ИНКАСИРАНИ“ ОД ПАТАРИНИ - голем раст на наплата во првите месеци од годината

САД НЕ ОТСТАПУВААТ ОД НАЈАВЕНИТЕ ЦАРИНИ: по неколкуте одлагања, дали сега навистина ќе стартуваат тарифите?

ДОЛАРОТ НА НАЈНИСКО НИВО ВО ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ - дали Еврото го преземеа „пиедесталот“?

БИБЛИЈА, ПАТИКИ, ПАРФЕМИ, ЧАСОВНИЦИ, ГИТАРИ: Трамп си направи бренд- и заработува многу пари

ДУШАН ПЕЦОВСКИ ЈА ЗАСИЛУВА СВОЈАТА ПОЗИЦИЈА ВО РЕПЛЕК – семејството со нова „набавка“ по само неколку дена

ЕУ ГИ МЕНУВА ПРАВИЛАТА ЗА РАЧЕН БАГАЖ: Дали има такса, колку чини и што може да содржи?

БАНКИТЕ ГИ РАЗГЛЕДУВААТ ТАРИФИТЕ, НО ТОА СЕ ИНДИВИДУАЛНИ ОДЛУКИ: Стевкова Штериева за намалувањето на провизиите

ЕВРОПСКА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ПРЕДУПРЕДУВА - Зајакнувањето на еврото на повеќе од 1,20 долари може да биде проблематично
