ТРАМП ПОВТОРНО БРАНУВА - објави бизарно видео за тоа како ја замислува иднината на Газа, плажа, пари паѓаат од небо, мора да го видите

Објавено во: Свет 26 Февруари, 2025 10:27
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл објави видео генерирано од вештачка интелигенција, без дополнителен коментар.
Видеото ја прикажува сегашната разрушена од војна Газа како се трансформира во модерен крајбрежен град, преполн со хотели, облакодери и луѓе.
Оваа визија ја следи неодамнешната идеја на Трамп за преселување на Палестинците во соседните арапски земји, со цел да се изврши масовна реконструкција на уништената Газа.
Целото видео е проткаено со мотиви на луксуз, забава и пари. По почетните сцени на разорената Газа, се појавува натписот: „Газа 2025 – што е следно?
“TRUMP GAZA NUMBER ONE”
— Matthew Foldi (@MatthewFoldi) February 26, 2025
This is real pic.twitter.com/tP5IsjfkRF
Потоа, ВИ генериран Илон Маск фрла американски долари меѓу луѓе. Во центарот на вештачки создадениот град, стои џиновска златна статуа на Доналд Трамп, додека самиот Трамп танцува со стомачна танчерка, а Илон Маск ужива во јадење.
Во еден момент, сцената ги прикажува Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во шорцеви за капење и пиво во рака, како лежат на лежалки пред луксузен хотел. Друга необична сцена прикажува мажи со бради облечени во женски костими за капење, со препознатливи зелени шамии.
Видеото доаѓа во време на интензивна дебата за американското учество во мировните напори и можностите за обнова на Блискиот Исток.
Белата куќа не го коментираше ова видео и не прецизираше како се вклопува во актуелните стратегии за надворешна политика. Претставници на Стејт департментот од кои бил побаран коментар, рекле дека какви било политички одлуки ќе бидат соопштени преку официјални канали.
Фото: Принтскрин/Х
Можеби ќе ве интересира
„НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА СЕ ЗАПРЕ НУКЛЕАРНИОТ РАЗВОЈ НА ЗЕМЈАТА“: „За него начите нуклеарни маченици ја пролеаја својата крв“ - пристигна порака од Иран за нападот

„ХЕГЕМОНОТ НЕ САКА ДА ЗАМИНЕ ТИВКО ВО НОЌТА, ТОЈ СРЕДЕ НОЌ ПРАВИ ОГНОМЕТ“: Ванковска вели САД ја симна маската

„АЛИЈАНСАТА МЕЃУ САД И ИЗРАЕЛ Е ПОСИЛНА ОД СЕ ДРУГО“: Израел ги поздрави синоќешните напади на САД

АМЕРИКА ГО НАПАДНА ИРАН! Погодени најголемите нуклеарни објекти - „Сега е време за мир“, порача Трамп

ДАЛИ ПОСТОИ АЛТЕРНАТИВА НА РЕЖИМОТ НА ИРАН? Нема да капитулира и ќе продолжи да се брани

ТРАМП ВЕЧЕРВА ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ ГО НАПАДНЕ ИРАН? Свика итен состанок во Белата куќа: - исходот испраќа порака и до сојузниците и до противниците на Америка

ТРИ КИЛОМЕТРИ МОРЕ, ВРЕДНО МИЛИЈАРДИ: Дали Иран е подготвен да и зададе удар на целата планета?

РАСПОРЕДУВААТ БОРБЕНИ АВИОНИ: САД се поблизу до вклучување во војната меѓу Израел и Иран

Трамповата опсесија со „словенските жени“: Сите љубови на актуелниот американски претседател
