09 Јули, 2025
0.0330

ВАЈЦ УКАЖА НА СЛАБОСТИТЕ: Eкономијата има недостатоци, Македонија е полна со културни знаменитости, но и со отпад

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2025 21:46

Добивај вести на Viber

Австрискиот европратеник Томас Вајц во обраќањето пред Европскиот парламент на дебатата за Неговиот извештај за земјава за 2023 и 2024 година, рече дека Македонија, која ги преживеа балканските војни од 90-тите години на минатиот век без масовно насилство и во која живеат различни луѓе и различни етнички и религиски групи кои успеаја да изградат мирно општество, некогаш беше предводник во регионот, кога пред 20 години заедно со Словенија го почнаа пристапниот процес кон ЕУ.

„Ако ги погледнете како партнери на Европската Унија, тие се наш доверлив партнер. Ја споделуваат нашата заедничка надворешна и безбедносна политика сто отсто, се приклучија кон НАТО, се придружија на заедничките напори што ги имаме во Европската Унија. Денес, кога ние Европејците сфаќаме оти треба сами да ја браниме нашата судбина и дека ние Европејците треба да стоиме заедно во светлината на она што се случува глобално, мислам дека треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес на Северна Македонија“, рече австрискиот европратеник.

Вајц нагласи дека Извештајот дава целосна слика за тоа каде се наоѓа земјата и во него се поздравуваат некои достигнување, но се бараат и реформи, и се зборува за говорот на омраза, за злосторствата од омраза, за потребата од владеење на правото, борба против корупцијата и не само за усвојување на закони, туку и за резултати што ќе ги почувствуваат граѓаните.

„Во извештајот многу се зборува за уставните измени, што се бараат за да може да започнат пристапните преговори. Уставни измени што вклучуваат и други малцинства во Уставот, меѓу кои и бугарското“, рече Вајц.

Тој потенцира дека во документот се говори и за економската состојба, која, како што наведе, има позитивни страни, но и недостатоци, како и за недоволното искористување на поддршката што доаѓа од Европската Унија.

„Таа земја е полна со неверојатно природно наследство, планини, езера, културни знаменитости, но за жал, земјата е исто така полна со отпад, нелегални депонии и загадување. Да, има подобрување на ситуацијата, но сепак има и многу да се направи“, заклучи Вајц.

Тој истакна дека граѓанското општество во земјава има услови за работа, но дека е видливо и странско влијание против кое мора да се бори, без разлика дали е тоа руско, кинеско, саудиско, српско или од каде и да е. 

Можеби ќе ве интересира

Се огласи Данела Арсовска: Предупредував дека ќе дојде до ова, но никој ништо не презеде

Се огласи Данела Арсовска: Предупредував дека ќе дојде до ова, но никој ништо не презеде

Мицкоски со вонредно обраќање по усвојувањето на извештајот на ЕК: Ова е неправда!

Мицкоски со вонредно обраќање по усвојувањето на извештајот на ЕК: Ова е неправда!

ПОВТОРНО ГОРИ КАЈ БЛАЦЕ: Затворена е границата, собраќајот пренасочен во двата правци

ПОВТОРНО ГОРИ КАЈ БЛАЦЕ: Затворена е границата, собраќајот пренасочен во двата правци

„НА КУТРАВА ГОСПОЃА, НИКОЈ НЕ И КАЖАЛ....“ Професорот Дескоски за грчката европратеничка Латинопули

„НА КУТРАВА ГОСПОЃА, НИКОЈ НЕ И КАЖАЛ....“ Професорот Дескоски за грчката европратеничка Латинопули

Изгласан извештајот за Македонија во Европскиот парламент

Изгласан извештајот за Македонија во Европскиот парламент

Владата му ја одзеде реконструираната сала „Партизан“ на општина Карпош

Владата му ја одзеде реконструираната сала „Партизан“ на општина Карпош

Труење со салмонела кај 38 вработени кои јаделе во фабрика во Прилеп

Труење со салмонела кај 38 вработени кои јаделе во фабрика во Прилеп

СЕ СЛУШААТ ДЕТОНАЦИИ, ЕДНО ЛИЦЕ Е ПОВРЕДЕНО, А ЕДЕН Е ПРИВЕДЕН: Еве каква е состојбата со пожарот во Визбегово

СЕ СЛУШААТ ДЕТОНАЦИИ, ЕДНО ЛИЦЕ Е ПОВРЕДЕНО, А ЕДЕН Е ПРИВЕДЕН: Еве каква е состојбата со пожарот во Визбегово

„КАКОВ ШАМАР ЗА СИТЕ ШТО ПОВЕРУВАА ВО ПРИКАЗНИТЕ НА ЗАЕВ И ДИМИТРОВ ДЕКА СО ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР СЕ РЕШИ СПОРОТ СО ГРЦИЈА“: Мојсовска за изјавата на грчката европратеничка

„КАКОВ ШАМАР ЗА СИТЕ ШТО ПОВЕРУВАА ВО ПРИКАЗНИТЕ НА ЗАЕВ И ДИМИТРОВ ДЕКА СО ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР СЕ РЕШИ СПОРОТ СО ГРЦИЈА“: Мојсовска за изјавата на грчката европратеничка

OSZAR »