18 Јуни, 2025
0.0264

ВО ИЗРАЕЛ ИМА ЗАГИНАТИ – ИРАН ВО ОДМАЗНИЧКА ОФАНЗИВА: Ова е најсериозниот директен судир во последните неколку години

Објавено во: Свет 14 Јуни, 2025 08:04

Добивај вести на Viber

Според соопштението на израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом, две лица се убиени, а 19 се ранети во ирански ракетен напад што погоди област во близина на станбени згради во Ришон Лезион, јужно од Тел Авив. Претходно беше објавено дека едно лице го загубило животот.

Третата жртва е жена која почина откако беше погодена од парче ракета за време на претходниот бран ирански напади синоќа. Полицијата соопшти дека таа била прогласена за мртва на местото на настанот во градот Рамат Ган, источно од Тел Авив.

„Дожд “од ракети  врз центарот на Тел Авив

Иран потврди синоќа дека извршил ракетен напад врз Израел и рече дека е погодено „срцето на Тел Авив“. Како што објави синоќа агенцијата Тансим, која е поврзана со Иранската револуционерна гарда, иранските ракети го погодиле центарот на Тел Авив, а целите на нападот биле Министерството за војна и Министерството за безбедност.

Сирени се огласија низ Израел синоќа откако беше откриен голем ирански балистички ракетен напад, а експлозии и чад се слушнаа над Тел Авив откакоо ракета го погодила подрачјето, објавува Times of Israel.

Иако Израел може да се пофали со еден од најсовремените одбранбени системи, нтиракетениот систем наречен „Железна купола“, тој не успеа да ги запре сите ирански ракети синоќа, а балистичките ракети паднаа во самиот центар на Тел Авив.

Што се случи вчера?

Израел изврши напади врз ирански воени и нуклеарни цели низ Иран, вклучувајќи објекти во Техеран, Исфахан и Тебриз, при што загинаа високи функционери и нуклеарни научници.

Иран одговори со лансирање балистички ракети врз Израел. Ова е најсериозниот директен судир меѓу Израел и Иран во последните години.

фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ДО ИРАН: Ќе бидеме толку жестоки ако им направат нешто на нашите луѓе

ТРАМП ДО ИРАН: Ќе бидеме толку жестоки ако им направат нешто на нашите луѓе

Виена повеќе не е најдобриот град за живеење - која метропола ja симна од тронот?

Виена повеќе не е најдобриот град за живеење - која метропола ja симна од тронот?

ПОРТПАРОЛОТ НА ИРАНСКИТЕ СИЛИ ДО САД: Mу дозволувате на вашето бесно куче да извршува злосторствa

ПОРТПАРОЛОТ НА ИРАНСКИТЕ СИЛИ ДО САД: Mу дозволувате на вашето бесно куче да извршува злосторствa

„ТРАМП ДОЛЕВА МАСЛО НА ОГНОТ“: Се огласи Кина за улогата на американскиот претседател во односите меѓу Израел и Иран

„ТРАМП ДОЛЕВА МАСЛО НА ОГНОТ“: Се огласи Кина за улогата на американскиот претседател во односите меѓу Израел и Иран

ИРАН УДРИ ТОЧНО НА МОСАД – РЕКЕТИРАН ОПЕРТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Гори оган во центарот на Тел Авив

ИРАН УДРИ ТОЧНО НА МОСАД – РЕКЕТИРАН ОПЕРТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Гори оган во центарот на Тел Авив

Кои се опциите на трамп за Иран?

Кои се опциите на трамп за Иран?

НЕШТО СТРАШНО СЕ ПОДГОТВУВА, ТРАМП ПОВИКУВА НА ИТНА ЕВАKУАЦИЈА ОД ТЕХЕРАН: „Сите треба веднаш да го напуштат градот!“

НЕШТО СТРАШНО СЕ ПОДГОТВУВА, ТРАМП ПОВИКУВА НА ИТНА ЕВАKУАЦИЈА ОД ТЕХЕРАН: „Сите треба веднаш да го напуштат градот!“

КОЈ Е ПОМОЌЕН, ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ?Како се споредуваат во воена сила?

КОЈ Е ПОМОЌЕН, ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ?Како се споредуваат во воена сила?

ПАДОТ НА ИРАНСКИОТ РЕЖИМ ЌЕ ГО СМЕНИ ЦЕЛИОТ СВЕТ: „Ќе има големи проблеми“

ПАДОТ НА ИРАНСКИОТ РЕЖИМ ЌЕ ГО СМЕНИ ЦЕЛИОТ СВЕТ: „Ќе има големи проблеми“

OSZAR »