Драма во казино во Битола, тепал доктор од брза помош што сакал да му помогне

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2025 09:51
Основното јавно обвинителство Битола бара притвор за лице кое во битолско казино удрил доктор ид брза помош со тупаница додека овој сакал да му помогне. Потоа нападнал и полицајци откако бил пренесен во битолската болница.
„На 29 јуни, во казино во Битола, осомничениот најпрво нападнал доктор од итната медицинска служба кој му давал лекарска помош. Го удрил со тупаница и му нанел телесна повреда. По укажувањето на медицинската помош, осомничениот бил пренесен во ЈЗУ Клиничка болница – Битола каде исто така давал активен отпор да биде третиран, па била повикана и полициска асистенција. Кога пристигнале двајцата полициски службеници, осомничениот 28-годишник и нив ги нападнал, ги удирал повеќе пати и им се заканувал“, објави Обвинителството.
Бидејќи постои опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите

ВАЈЦ УКАЖА НА СЛАБОСТИТЕ: Eкономијата има недостатоци, Македонија е полна со културни знаменитости, но и со отпад

ЉУТКОВ: Одлуката на УНЕСКО за Охрид е резултат на директна последица на години негрижа

ЌЕ ТРАЕ 30 ДЕНА: Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА ЧОВЕКОТ КОЈ ПРЕДИЗВИКА ПОЖАР: Со запалена хартија од табла за јајца потпалил сува трева

„ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“: Поради пожарот во Гази Баба, има прекин на струјата, а можни се и прекини на водата во Чаир и Железара

Распишан оглас за избор на фирма што ќе урива дивоградби во Охрид

„ЧЕБРЕН И ГАЛИШТЕ ОСТАНУВААТ НАДВОР ОД БУЏЕТСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ“: Левица бараше посебна ставка за проектите кои со години се најавуваат
