ДУИ: Не сме доволно застапени во Народна банка и МЕПСО

Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2025 15:54
Демократската унија за интеграција, повикувајќи се на извештаи за недоволната застапеност на Албанците на одлучувачки позиции во државните институции, смета дека тие не учествуваат на раководни позиции во институции како Народната банка, или јавни друштва како МЕПСО.
„Според анализа објавена во неколку медиуми, Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции, вклучително и Претседателството, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за спорт, Народната банка, МЕПСО и Агенцијата за администрација.
Овој диспропорционален однос е особено загрижувачки по укинувањето на механизмот „Балансер“ од страна на Уставниот суд на 9 октомври 2024 година, кој претходно обезбедуваше правична застапеност на заедниците во државната администрација. По оваа одлука, отсуството на ново законско решение доведе до исклучување на Албанците од клучните одлучувачки позиции.
ДУИ потенцира дека правичната и соодветна застапеност на сите заедници претставува темелен столб на Охридскиот договор и предуслов за еднакво и демократско општество. Апелираме до надлежните институции итно да преземат мерки за надминување на оваа нееднаквост и да обезбедат правична застапеност на Албанците на сите нивоа во јавната администрација.
ДУИ останува посветена на унапредувањето на еднаквоста, правичната застапеност и целосната интеграција на Албанците во институционалниот живот на државата“, гласи реакцијата на ДУИ.
Можеби ќе ве интересира
ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 34 ЛИЦА ЗА ПУЛС: Истражна постапка против 13 полицајци поврзани со случајот

ВОЗЕЛ СО 2,02 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА И УДРИЛ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ - уапен жител на Радовиш

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

Утрото ми почнува со поглед кон вулканот кој лани неколкупати еруптираше и е одалечен од мојот дом само 20 километри: Љупка Тепева за животот во Исланд

ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР Е ЗАТВОРЕН, АЕРОДРОМИТЕ НЕ РАБОТАТ: Пристигна итно предупредување од МНР за македонските граѓани

НА ВЛАДИМИР МУ СЕ ГУБИ СЕКАКВА ТРАГА: Исчезнал вчера во четири часот, има 36 години

СЕ РАБОТЕШЕ ДО САБАЈЛЕ, СИНДИКАТОТ ПОКРАЈ УАПСЕНИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ЗА КОЧАНИ: „Нема да дозволиме истрагата да се користи за политички поени и калкулации“

НИКОЈ НЕ МУ ПРИФАТИ ШИРЕЊЕ НА КАВГАТА НАДВОР, ПА МОРА ДА СЕ КАРА ДОМА: Величковски за Мицкоски и нападите на Османи

„МАКЕДОНИЈА ПОЛЕКА НО СИГУРНО СТАНУВА МАЛА СРБИЈА“: „Па ајде јунаци, да ја вратиме ѕвездата на знамето и грбот“, вели критички Салиу
