16 Јуни, 2025
0.0266

ЕВТИНИТЕ КОПИИ НА ДУБАИ ЧОКОЛАДОТО ОПАСНИ ПО ЖИВОТ: Пристигна предупредување до купувачите во Велика Британија

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2025 08:54

Добивај вести на Viber

Купувачите од Велика Британија кои сакаат да пробаат популарен чоколаден колач познат како „Дубаи чоколадо“ би можеле да бидат изложени на сериозен ризик по своето здравје, предупреди Агенцијата за безбедност на храната на Велика Британија (FSA).

Десертот комбинира ф'стаци и крцкаво тесто од катаифи и е создаден од Сара Хамуда, британско-египетска чоколатерија со седиште во Дубаи. Слатката стана вирална минатата година, но сега се појавија сомнителни копии кои содржат забранети адитиви и опасни хемикалии - вклучувајќи прехранбени бои забранети во ЕУ и Велика Британија, токсини од мувла, па дури и супстанции што можат да предизвикаат рак.

FSA предупредува дека на овие копии им недостасува валидно означување, се од сомнително потекло и можат да бидат особено опасни за лицата со алергии.

На купувачите им се советува да:

купуваат само од доверливи продавачи

ги читаат етикетите

обрнуваат внимание на етикетите на англиски јазик

и проверуваат дали пакувањето ја содржи адресата на дистрибутер во Велика Британија или ЕУ

Анафилактичниот шок е најопасната последица - состојба што може да доведе до респираторен застој и смрт ако не се лекува навреме. Симптомите вклучуваат вртоглавица, отежнато дишење, забрзано чукање на срцето и губење на свеста. Децата со алергии се најмногу изложени на ризик, а родителите честопати не се подготвени за итен одговор, пишува Dailymail.

Бизпортал.рс

Можеби ќе ве интересира

РАНГИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКО СПИСАНИЕ: Македонија позиционирана пред три скандинавски држави како добра дестинација за пензионери

РАНГИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКО СПИСАНИЕ: Македонија позиционирана пред три скандинавски држави како добра дестинација за пензионери

БРИКС ИМА НОВА ЗЕМЈА ПАРТНЕР: Што ќе се смени во блокот?

БРИКС ИМА НОВА ЗЕМЈА ПАРТНЕР: Што ќе се смени во блокот?

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

Дали платината станува новото злато?

Дали платината станува новото злато?

Ова се 5-те најдобри курсеви по кои можете брзо да се вработите и добро да заработите

Ова се 5-те најдобри курсеви по кои можете брзо да се вработите и добро да заработите

ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти

OSZAR »