ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се ТОП 15 македонски компании за производство софтвер?

Објавено во: Економија 30 Мај, 2025 08:20
Над 200 милиони евра приходи од продажба на софвтер остварија најголемите 15 македонски ИТ компании, покажуваат официјалните податоци од ЦРМ за работењето на македонската софтверска индустрија минатата година.
Анализата покажува дека над 3.000 македонски програмери со нивната работа лани оствариле девизен прилив вреден повеќе од 200 милиони евра. И тоа е резултат за почит.
Најголема софтверска компанија на нашиот пазар останува и понамату да биде „Сеавус“ веќе втора година ребрендиран под називот „Киншифт“. Приходот на оваа компанија изнесува лани 66 милиони евра, а добивката е 1,2 милиони евра. И од аспект на број на вработени „Киншифт“ е најголема компанија која лани ангажирала 713 вработени.
Според остварените приходи лани на второ место според приходите е македонската филијала на софтверскиот гигант „Нетцетера“ која лани оставрила „инкам“ од 19,24 милиони евра. Ангажирала 384 вработени и реализирала профит од 1,21 милиони евра.
Трета најголема софтверска компанија лани е „Ендава“ британска компанија со деловни операции во многу држави во светот. Македонската филијала на „Ендава“ лани остварила приход од 18,45 милиони евра, добивката изнесува 1,2 милиони евра. Оваа компанија во Македонија лани ангажирала 384 вработени.
Во најголемите пет софтверски фирми се уште и „Алокејт Софтвер“ и „Аксапта Мастерс“ поточно нивните македонски подружници. При тоа „Аксапта Мастерс“ лани е компанија со најголема добивка на нашиот пазар меѓу 15 најголеми софтверски друштва. Профитот за лани изнесува 4,16 милиони евра.
На шестото место е најголемата домашно поседувана компанија – битолски „Интерворкс“. Нејзините приходи лани изнесуваат 12,9 милиони евра, а добивката е 1,1 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
ЗАСТАРЕНИ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ, ЗАДОЛЖЕНОСТ И ЗАГУБИ: Ревизорите со забелешки за работењето на ЕЛЕМ ТУРС

АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ ДОАЃААТ ОД СВЕТСКА БАНКА: Каде се движи светската економија?

ЕСМ ќе ја складира струјата, ќе гради батериски систем

РАСТ НА МИНИМАЛЕЦОТ ЗА 100 ЕВРА – Левица предлага најмалата плата да достигне 30 илјади, еве што точно бараат

ИЗБОР НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Koлку круга на интервјуирање се потребни за да се одбере соодветен кадар?

СЛАВЕСКИ: Јас сум работел за минимална плата во САД, се знае каков стандард можете да обезбедите со тоа

КАФЕ ЗА 1 ЕВРО: Ова е најевтината европска дестинација

Минијатурно село во Англија е на продажба - која е цената?

САД И КИНА ПОСТИГНАА ТРГОВСКИ ДОГОВОР: САД ќе добие ретки минерали, а што добива Кина?
