14 Јуни, 2025
0.0288

ГЕРМАНИЈА ЗАПОЧНУВА „ОФАНЗИВА“: За што се работи?

Објавено во: Економија 28 Мај, 2025 19:52

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии Ларс Клингбеил во Германија најави големи државни инвестиции. Според него, Германија започнува „офанзива“. 

„Веќе почнавме со пренамена на вонредните средства и имаме намера силно да ги зголемиме инвестициите на околу 110 милијарди евра оваа година“, рече Клингбеил.

Според него, станува збор за инвестиции од основниот буџет и дополнителни инвестиции од фондот за вонредни состојби и фондот за клима и транзиција (KTF).

„Сакаме да постигнеме видливи промени за луѓето кои работат напорно и кои со право очекуваат нашата земја да функционира подобро“, додаде министерот за финансии.

Неговото министерство објави дека инвестициите ќе се зголемат за 50 проценти оваа година во споредба со лани. 

Фондот за клима и транзиција треба да се зајакне и тој главно ќе финансира програми што придонесуваат за заштита на климата.

Двата дома на германскиот парламент, Бундестагот и Бундесратот, усвоија одлука за итен фонд финансиран од заеми со рок на отплата од 12 години. Неговата цел ќе бидат дополнителни инвестиции во инфраструктура и заштита на климата.  

Ова вклучува, на пример, рехабилитација на железничката мрежа и мостовите, како и училиштата. Клингбеил најави сеопфатни структурни реформи.

Буџетот ќе продолжи да биде строго консолидиран. Владата треба да го усвои до 25 јуни.  

Можеби ќе ве интересира

МОДНА ПОЛИЦИЈА, ЗАБРАНА ЗА СЕЛФИ, СКОКАЊЕ ОД КАРПИ ВО МОРЕ, ПУШЕЊЕ НА ПЛАЖА: Стотици, па и илјадници евра казни во популарните туристичките центри низ Европа

МОДНА ПОЛИЦИЈА, ЗАБРАНА ЗА СЕЛФИ, СКОКАЊЕ ОД КАРПИ ВО МОРЕ, ПУШЕЊЕ НА ПЛАЖА: Стотици, па и илјадници евра казни во популарните туристичките центри низ Европа

УБЕР СО АВТОНОМНИ ВОЗИЛА ВО ЛОНДОН ОД СЛЕДНАТА ПРОЛЕТ: Новата технологија ќе создаде дополнителни 38.000 работни

УБЕР СО АВТОНОМНИ ВОЗИЛА ВО ЛОНДОН ОД СЛЕДНАТА ПРОЛЕТ: Новата технологија ќе создаде дополнителни 38.000 работни

КЛИЕНТИ НА ДВЕ ГОЛЕМИ БАНКИ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ЦЕЛ НА ИЗМАМНИЦИ: Постојат неколку начини како да се заштитат

КЛИЕНТИ НА ДВЕ ГОЛЕМИ БАНКИ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ЦЕЛ НА ИЗМАМНИЦИ: Постојат неколку начини како да се заштитат

Трамп пријави повеќе од 600 милиони долари приход од криптовалути и голф клубови

Трамп пријави повеќе од 600 милиони долари приход од криптовалути и голф клубови

Русинка откри колку троши нејзиното четиричлено семејство во Белград

Русинка откри колку троши нејзиното четиричлено семејство во Белград

Израелските напади врз Иран ги вивнаа цените на златото

Израелските напади врз Иран ги вивнаа цените на златото

СТАН ОД 19 КВАДРАТИ СЕ ПРОДАВА ЗА 152.800 ЕВРА: Дали ви делува прифатливо?

СТАН ОД 19 КВАДРАТИ СЕ ПРОДАВА ЗА 152.800 ЕВРА: Дали ви делува прифатливо?

ОТКАКО ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ИРАН: За колку се зголемија цените на нафтата?

ОТКАКО ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ИРАН: За колку се зголемија цените на нафтата?

ЛЕБОТ НИКОГАШ НЕ БИЛ ПОСКАП ВО НЕКОИ ДЕЛОВИ ОД ЕВРОПА: Ова се цените во 13 земји

ЛЕБОТ НИКОГАШ НЕ БИЛ ПОСКАП ВО НЕКОИ ДЕЛОВИ ОД ЕВРОПА: Ова се цените во 13 земји

OSZAR »