02 Јуни, 2025
0.0285

„ИГНОРИРАЊЕТО НА ПРОВОКАЦИИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ, 'ЕЛЕГАНТНО' ЈА ВРАЌА МАКЕДОНИЈА НА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА“: Величковски за бугарската резолуција

Објавено во: Македонија 31 Мај, 2025 16:45

Добивај вести на Viber

Ивон Величковски се огласи со свој став околу вчерашната резолуција која бугарското собрание ја објави за преговарачкиот процес на Македонија. 
Игнорирањето на провокациите на премиерот "елегантно" ја враќа Северна Македонија на Преговарачката рамка

Последната Резолуција на бугарското Народно собрание ја пресретна предвидливата реторика на (Владата на) ВМРО-ДПМНЕ:

"...европскиот консензус е договор меѓу земјата-кандидат... и Унијата и затоа не претставува билатерално прашање... Неприфатливи се било какви обиди во рамките на форматите и институциите на ЕУ за повторно преговарање или игнорирање на елементи од веќе постигнатите договори..."

Оваа позиција за Северна Македонија потврди две ЕУ позиции кои се обврзни и за Софија:

- пораките на Коста и Кос од нивните посети на Скопје: "нема план Б" и

- нема нови барања од Бугарија.

Затоа - оваа позиција е лоша вест за (надворешната политика на Владата на) ВМРО-ДПМНЕ во "Белата палата" сосе крилото во "Бихаќка": никој во ЕУ не прифаќа кавга со Скопје подредено на Бања Лука, Белград и Будимпешта.

И со тоа ЕУ го штити интересот на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија воопшто.

Доколку Брисел, Софија или некоја друга европска метропола сакаше кавга, обидот на Мицкоски да биде "кадровик" на бугарскиот "Комитет за малцинства" ќе повлечеше потсетување на Амандманот XXXVI точка 1 став 4 од нашиот Устав.

Игнорирањето на четврточната изјава на Мицкоски при пратеничките прашања најавува дека Брисел сепак насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП (и излезното решение за неговата реторика што му е дадено).

И со таквата позиција, Брисел става до знаење дека не му помага во таа штетна намера и не остава нас Македонците, но и целата нација да се соочиме со политиката на сопствената влада.

Особено штом кадровските промени во "Комитетот" за него стануваат услов за дополнувањето на Преамбулата, иако тоа е наша државна преземена обврска - со Преговарачката рамка.

Преговарачката рамка за која и Мицкоски и Силјановска-Давкова признаа дека веќе не бараат да се промени - затоа што тоа не е билатерална туку европска позиција“, напиша тој. 



Можеби ќе ве интересира

„МНОГУ СКОРО ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ И НЕКОИ ДРУГИ ДЕТАЛИ“: Мицкоски за тоа дали Данела е соработник на ДУИ за дестабилизација

„МНОГУ СКОРО ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ И НЕКОИ ДРУГИ ДЕТАЛИ“: Мицкоски за тоа дали Данела е соработник на ДУИ за дестабилизација

Бугарски и грчки европратеници со 300 амандмани против „македонски јазик и идентитет“

Бугарски и грчки европратеници со 300 амандмани против „македонски јазик и идентитет“

Плата и денес нема, протест пред тетовската болница

Плата и денес нема, протест пред тетовската болница

ГЕРАСИМОВСКИ СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: „Подготвуваме неколку ригорозни мерки до Комуналното претпријатие“

ГЕРАСИМОВСКИ СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: „Подготвуваме неколку ригорозни мерки до Комуналното претпријатие“

„ЈАВНО ЌЕ ОБЈАВАМ СЀ“: „Секој граѓанин ќе види што се правело“, вели Арсовска

„ЈАВНО ЌЕ ОБЈАВАМ СЀ“: „Секој граѓанин ќе види што се правело“, вели Арсовска

ЌЕ ИМА СО ШТО ДА ГАСИМЕ: Еден „Ер трактор“ вратен од сервис

ЌЕ ИМА СО ШТО ДА ГАСИМЕ: Еден „Ер трактор“ вратен од сервис

„БАРБИ МЕСТО ДА ИЗИГРАВА ИНСПЕКТОР КЛУЗО, МОЖЕШЕ СО ТППЕ ДА ТРКНАТ ДО АРАЧИНОВО, ИЛИ САРАЈ И АРАЧИНОВО НЕ СЕ ТАРГЕТ,А?“ Михаилов за утринското загадување во Скопје

„БАРБИ МЕСТО ДА ИЗИГРАВА ИНСПЕКТОР КЛУЗО, МОЖЕШЕ СО ТППЕ ДА ТРКНАТ ДО АРАЧИНОВО, ИЛИ САРАЈ И АРАЧИНОВО НЕ СЕ ТАРГЕТ,А?“ Михаилов за утринското загадување во Скопје

ГАЗДАТА НА ПУЦКО ПЕТРОЛ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Добил времен пасош од судот, отиде на прослава во Турција

ГАЗДАТА НА ПУЦКО ПЕТРОЛ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Добил времен пасош од судот, отиде на прослава во Турција

МЕЧКИ СЕ РАЗДВИЖИЈА БЛИЗУ ШАРПЛАНИНСКИТЕ СЕЛА: Меловски вели дека прихраната на диви животни е голема грешка

МЕЧКИ СЕ РАЗДВИЖИЈА БЛИЗУ ШАРПЛАНИНСКИТЕ СЕЛА: Меловски вели дека прихраната на диви животни е голема грешка

OSZAR »