Ќе тргне ли работата на Коридор 8? Николоски конечно се сретна со бугарскиот колега

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2025 12:11
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов.
Средбата се одржа во рамки на Форумот “Глобална Транспортна Поврзаност” што се оддржува во Истанбул, каде свое обраќање имаше и вицепремиерот Николоски.
На средбата беше истакната неопходноста за изградба и модернизација на европските транспортни коридори, со посебен акцент на железничкиот и патниот коридор 8, како предуслов до регионален економски развој и олеснување на транспортот и трговијата.
Потенцирајќи го прашањето за железничкото поврзување меѓу двете земји, двајцата соговорници нагласија дека овој проект има регионална димензија, каде покрај економското значење, се наметнува и прашањето за стратешкото позиционирање на НАТО Алијансата преку поврзување на Јадранското и Црното море.
Двајцата соговорници се согласија за нова средба во периодот кој следи со цел заеднички да се усогласи текстот на Договорот со кој ќе се постигне согласност за изградба на заедничкиот тунел којшто треба да ги поврзе Македонија и Бугарија со што ќе се придвижат работите за реализација на железничкиот Коридор 8
Двајцата соговорници се согласија да испратат експерти да учествуваат на состанокот за Коридор 8 што го организира Европската Комисија во месец јули, соопштуваат од Министерството.
Можеби ќе ве интересира
Чок Ѓузел, машала! Колкава добивка лани има „Халк банка“?

Фирмата рекордер во тендери за новогодишни украсувања набавува униформи за ученици во Аеродром и пере возила на МЕПСО и АНБ

Четири друштва во сопственост на државата кои треба да донесат развој веќе должат 2,4 милијарди евра

МОЖАТ ЛИ АЗИЈА И ЕВРОПА ЗАЕДНО ДА ЈА СПАСАТ ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА? Треба да се ублажат шоковите

ЛУЃЕТО НЕ САКААТ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ, САКААТ ДА РАБОТАТ: Во оваа земја се зголемува возраста за пензионирање

СЕ ЗГОЛЕМИЛА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ХРВАТСКА: Во кои три сектори има највисоки плати?

СИНДИКАЛНА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА „ТЕШКА“ 2.010 ЕВРА: Ова е состојбата во земја од регионот
