28 Јуни, 2025
0.0298

МАЈК ЗАФИРОВСКИ ПРЕДВОДЕШЕ АМЕРИКАНЦИ КОИ СЕ НА АЏИЛАК ВО ЗЕМЈАВА: Беа на средба кај Силјановска Давкова

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2025 21:14

Добивај вести на Viber

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими група американски државјани предводени од Мајк Зафировски, кои од денеска престојуваат на аџилак во земјава.

Изразувајќи огромна благодарност за приемот, истакнатите и угледни членови на американското општество ја запознаа претседателката со мотивот и инспирацијата за посетата на земјава, како една од нивните три дестинации за аџилак, покрај Грција и Турција, посочувајќи дека на Македонија гледаат како на духовна и културна ризница со богата традиција и историско наследство. 

Поздравувајќи го нивниот избор за аџилак, Сиљановска-Давкова им посака успех и изрази уверување дека ќе понесат незаборавни спомени и впечатоци од автентичноста на земјава и особено од Охрид, како дел од библискиот и цивилизациски мозаик. Како припадници на Епископалната црква, којашто ужива голем углед во американското општество, претседателката верува дека со нивната мисија, спознавање на различностите и промовирајќи мир и верба, ќе придонесат за зајакнување на вредностите на солидарност, толеранција и духовно единство.

Сиљановска-Давкова укажа на важната улога на македонската дијаспора во градењето на блиски врски меѓу американското и македонското општество, како додадена вредност на нашето стратешко партнерство со САД.

Таа упати благодарност до Мајк Зафировски за постојаните врски со татковината, заложбите преку „Македонија 2025“ за афирмација и промоција на земјава и посветеноста на проектите коишто го потикнуваат растот на македонската економија.

Соговорниците разменија мислења за актуелните состојби во светот и ги слушнаа ставовите на претседателката за глобалните предизвици и проблемите со кои се соочува државава во однос на надворешната политика.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека треба да се види дали има основ за кривична одговорност за Методологијата за попис што ја укина Уставен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека треба да се види дали има основ за кривична одговорност за Методологијата за попис што ја укина Уставен

Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис

Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис

РАДЕВ JA ИСКАРА БУГАРСКАТА ВЛАДА: Вели дека тој не дозволил легитимирање на македонизмот

РАДЕВ JA ИСКАРА БУГАРСКАТА ВЛАДА: Вели дека тој не дозволил легитимирање на македонизмот

МУЦУНСКИ: Софија е влезена во опасен наратив

МУЦУНСКИ: Софија е влезена во опасен наратив

НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Дрво падна на Рекорд

НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Дрво падна на Рекорд

АРСОВСКА ЗА ДИВОГРАДБИТЕ: Oвозможиле легализација на Садики, врз основа на барање кое го доставил до Општина Чаир кога имал 6 години

АРСОВСКА ЗА ДИВОГРАДБИТЕ: Oвозможиле легализација на Садики, врз основа на барање кое го доставил до Општина Чаир кога имал 6 години

БУРНОТО НЕВРЕМЕ НАВЛЕГУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Еве кои делови се на удар!

БУРНОТО НЕВРЕМЕ НАВЛЕГУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Еве кои делови се на удар!

„НЕ МОЖЕМЕ ДА ЈА РАЗВИВАМЕ ДРЖАВАТА ВРЗ ЛАЖНИ ПОДАТОЦИ“: Мицкоски за пописот вели дека има основи за кривична одговорност

„НЕ МОЖЕМЕ ДА ЈА РАЗВИВАМЕ ДРЖАВАТА ВРЗ ЛАЖНИ ПОДАТОЦИ“: Мицкоски за пописот вели дека има основи за кривична одговорност

„НЕ МИ ГО ПУШТАЈТЕ ПРЕКУ МЕДИУМИ, ОНА 'ЏУЏЕТО' ОД КИЧЕВО“: Жерновски тврди дека го предупредуваат да седи на страна и да молчи

„НЕ МИ ГО ПУШТАЈТЕ ПРЕКУ МЕДИУМИ, ОНА 'ЏУЏЕТО' ОД КИЧЕВО“: Жерновски тврди дека го предупредуваат да седи на страна и да молчи

OSZAR »