29 Мај, 2025
0.0307

НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ТЕЛЕКОМ“ - во Бордот влегува и Сашо Димитријоски, поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации

Објавено во: Економија 23 Мај, 2025 10:08

Добивај вести на Viber

Телеком преку Македонската берза ја извести инвеститорската јавност за промени во органите на управување, одлука која ја донело Собранието на акционери. Имено, отповикани се дел од неизвршните директори од Одборот на директори, и на нивно место се именувани нови.

Овие промени, како што објаснуваат од компанијата во својата објава на Македонската берза, се направени врз основа на добиените предлози од Владата.

Како што е познато, Владата поседува 33.364.875 обични акции во Македонски Телеком, што претставува 34,81 отсто од вкупниот акционерски капитал. Овој пакет вклучува и една преференцијална (златна) акција со номинална вредност од 9.733 денари, која ѝ дава на Владата едно гласачко право и посебни права согласно Статутот на компанијата.

„Согласно Законот за трговските друштва и Статутот на Македонски Телеком АД – Скопје, и добиените предлози од Владата на Република Северна Македонија за отповикување на членови на Одборот на директори на Друштвото, и за избор на членови на Одборот на директори на Друштвото, Собранието на Друштвото на својата годишна седница одржана на 30 мај 2025 година ја донесе следната Предлог Одлука за отповикување и избор на членови на Одборот на директори на Друштвото. Имено, Собранието на Друштвото ги отповикува Игор Милев, од позицијата Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, Нина Ангеловска, од позицијата Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, Бардул Насуфи, од позицијата Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, Шкодране Дарлишта, од позицијата Независен Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, и Аќиф Медиу, од позицијата Независен Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото. Собранието на Друштвото ги избира Сашо Димитријоски, за Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, Иван Митровски, за Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, Марин Алексов, за Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, Даниела Кржовска, за Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, Нусрет Зиба, за Независен Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, и Сеад Арслани, за Независен Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото. Мандатот на сите нови членови почнува од 30 мај 2025 година“, се вели во објавата од компанијата на Берзата.

Како што наведуваат од Македонски телеком, мандатот на избраните членови на Одборот на директори на Друштвото изнесува четири години, согласно Статутот на Друштвото.

Собранието на Друштвото го овластува Главниот извршен директор на Друштвото да ги преземе сите неопходни активности за доставување на оваа Одлука за цели на бришење на отповиканите членови и упис на избраните членови на Одборот на директори во Трговскиот регистар којшто се води од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија. Оваа Одлука стапува во сила со денот на нејзиното донесување.

Објавени се и биографиите на новите членови на Одборот на директори.

Во периодот од февруари 2016 година, до февруари 2021 година, Сашо Димитријески беше директор на Агенцијата за електронски комуничации.

Во неговата биографија е наведено дека Сашо Димитријоски има над 20 години професионално искуство во областа на телекомуникациска инфраструктура и електронски комуникации, фокусиран на поттикнување раст и иновации во Телекомуниацискиот сектор во Македонија. Активно учество во развој на дигиталната агенда на ЕУ и на дигиталениот пазар. Уникатен спој на стратешка експертиза во телеком политиките на ЕУ, водење стратешка трансформација преку интегрирање напредни технологии, менаџирање со сложени регулаторни средини и развивање деловни модели за поттикнување одржлив раст.

Овде може подетално да ги видиме биографиите на новите членови на Одборот на директори на Телеком.

Според веб страницата на компанијата, се до донесувањето на оваа одлука, членови на Одборот на директори биле или сеИгор Милев неизвршен член и Претседател, Никола Љушев извршен член и генерален извршен директор, Данијела Бујиќ, неизвршен член, Диана Анамариа Варкоњи, неизвршен член, Лубор Жатко, неизвршен член, Борче Сиљаноски, неизвршен член, Владимир Ивановски, неизвршен член, Нина Ангеловска, неизвршен член, Бардул Насуфи, неизвршен член, Петер Фаил, независен член, Младен Митиќ, независен член, Шкодране Дарлишта, независен член и Аќиф Медиу, независен член.

Главниот акционер во Македонски Телеком е Stonebridge Communications AD Скопје, кој поседува 51 отсто од акциите. Останатите акции се распределени помеѓу Македонски Телеком АД, кои ги поседува компанијата во форма на сопствени акции и тоа 10 отсто, Сава пензиски фондови со 0,97 отсто, IFC со 0,76 отсто и други малцински акционери со 2,46 отсто.

Златната акција што ја поседува Владата е непренослива и ѝ овозможува посебни права, како што се правото на вето во одредени стратешки одлуки на компанијата, што ја задржува нејзината улога во корпоративното управување на Македонски Телеком.

Телеком е една од најуспешните македонски компании.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ ДА СЕ КУПУВА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА ЈАДРАНОТ: Помалите места со атрактивни цени!

ВРЕДИ ДА СЕ КУПУВА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА ЈАДРАНОТ: Помалите места со атрактивни цени!

Екс пратеникот Таневски стана повторно директор на охридските хотели по точно една година добивање апанажа

Екс пратеникот Таневски стана повторно директор на охридските хотели по точно една година добивање апанажа

„НАЈАМБИЦИОЗЕН ПЛАН КОЈ ЌЕ ДОПРЕ ДО 16.000 ГРАЃАНИ“: Митева со детали за мерките од Оперативниот план

„НАЈАМБИЦИОЗЕН ПЛАН КОЈ ЌЕ ДОПРЕ ДО 16.000 ГРАЃАНИ“: Митева со детали за мерките од Оперативниот план

КРАЈ НА ОСУМЧАСОВНИОТ РАБОТЕН ДЕН И ВО ГЕРМАНИЈА? Владата разгледува нови модели

КРАЈ НА ОСУМЧАСОВНИОТ РАБОТЕН ДЕН И ВО ГЕРМАНИЈА? Владата разгледува нови модели

„ГИ ПРЕЧЕКОРИЛ СВОИТЕ ОВЛАСТУВАЊА“: американски суд ги блокираше царините

„ГИ ПРЕЧЕКОРИЛ СВОИТЕ ОВЛАСТУВАЊА“: американски суд ги блокираше царините

Трипуновски: Ја враќаме мерката 50-50, повикот ќе биде во наредните денови

Трипуновски: Ја враќаме мерката 50-50, повикот ќе биде во наредните денови

„НЕОПХОДНА Е ПРОМЕНА ЗА ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ“: Македонска асоцијација за рударство на вонредна седница ќе го менува раководството

„НЕОПХОДНА Е ПРОМЕНА ЗА ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ“: Македонска асоцијација за рударство на вонредна седница ќе го менува раководството

„СКОПСКО ГРУП“ КАВАДАРЦИ НА МИЛАН ИВАНОВСКИ ВЛЕЗЕ СО НАД ПЕТ ОТСТО ВО „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - дали сегашниот значаен акционер ги засилува позициите во компанијата

„СКОПСКО ГРУП“ КАВАДАРЦИ НА МИЛАН ИВАНОВСКИ ВЛЕЗЕ СО НАД ПЕТ ОТСТО ВО „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - дали сегашниот значаен акционер ги засилува позициите во компанијата

РАБОТНИЦИ БАРАЛЕ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТА: Го добиле, а потоа следел и отказ

РАБОТНИЦИ БАРАЛЕ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТА: Го добиле, а потоа следел и отказ

OSZAR »