Од утре забрането пушење на отворено во Франција

Објавено во: Свет 28 Јуни, 2025 11:42
Во Франција од утре ќе стапи на сила забраната за пушење на јавни места каде што често има деца. Ова ги вклучува плажите, парковите, автобуските станици и површините пред библиотеките, базените и училиштата, објавува француската новинска агенција АФП.
Во декретот, кој беше објавен во службениот весник денес, се наведува дека целта на забраната е да се заштитат децата од пасивно пушење. Прекршителите се соочуваат со казна до 135 евра.
Во декретот не се споменуваат електронските цигари, а пушењето сè уште ќе биде дозволено на терасите на кафулињата.
Франција веќе има забрана за пушење на јавни места како што се работни места, аеродроми и железнички станици, како и на детски игралишта.
Околу 75.000 луѓе умираат во земјата секоја година од здравствени проблеми поврзани со тутунот. Неодамнешна анкета покажа дека 62 проценти од Французите ја поддржуваат забраната за пушење на јавни места.
Можеби ќе ве интересира
ИМАЛ ВРСКИ СО РУСИЈА: Зеленски му го одзеде украинското државјанство на митрополитот Онуфриј

(ВИДЕО) КИМ ЏОНГ УН ПЛАЧЕ ЗА ВОЈНИЦИТЕ ЗАГИНАТИ ВО КУРСК: Клекна покрај ковчег обвиен со државното знаме

РУТЕ ЗА ЛАВРОВ: Tој е министер од времето на Христос и ништо корисно не излезе од неговата уста

АМЕРИКА НА ПРВО МЕСТО: Oдредени типови оружје Украина нема да ги добие

„МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ ИМАМЕ ДОГОВОР СЛЕДНАТА НЕДЕЛА“: Трамп вели Израел се согласи на условите за 60-дневен прекин на огнот во Газа

ИРАН САКАЛ ДА ГО МИНИРА ОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ? Шокантни информации од разузнавачките служби на САД

СУША ВО РОМАНИЈА: Луѓето одат пеш до бунари за да донесат вода

(ВИДЕО) ИМА ЖРТВИ: Украински дрон погоди руски град на 1.300 километри од границата
