ОСЛОБОДУВАЊЕ НА БРЕМЕНИ И ПОСТАРИ, ФЛЕКСИБИЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ ИЛИ РАБОТА НА ДАЛЕЧИНА: Владата донесе мерки поради топлотниот бран

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2025 16:45
Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на мерки во согласност со фаза 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025–2030.
Ги задолжуваат сите министерства, државни органи и надлежни институции активно да ги спроведуваат мерките и препораките. Исто така, тие треба веднаш да ги координираат сите подрачни служби, јавни установи и други правни субјекти за спроведување на одредбите од фаза 3.
Мерки и обврски по институции
Министерството за здравство, во координација со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), ќе има обврска редовно да ја информира јавноста за состојбата со топлотниот бран.
– Јавната комуникација е клучна. Ќе ја засилиме транспарентноста и навременото известување за температурните екстреми – велат од Владата.
Сите здравствени установи, домови за стари лица и образовни институции треба веднаш да ги активираат своите интерни протоколи за вонредни состојби.
Во делот на работните услови, Владата препорачува:
– Одложување на работните процеси во периодот од 11:00 до 17:00 часот за работниците кои се изложени на директна сончева топлина;
– Воведување работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е можно;
– Создавање микроклиматски услови за работа – простории со температура до 25°C;
– Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години доколку нема услови за прилагодување на работниот простор.
– Наш приоритет се работниците. Никој не смее да биде оставен без соодветна заштита на своето работно место – истакнуваат од Владата.
Поддршка за ранливите категории и нови правила за градинките
Во социјалниот сектор, центрите за социјална работа, локалната самоуправа и Црвениот крст треба да ја зголемат теренската поддршка, особено за осамени, стари и бездомни лица.
Образовните установи, вклучително и детските градинки, ќе мора да избегнуваат активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.
– Грижата за најмалите е врвен приоритет – секоја активност ќе биде приспособена на новите климатски услови – велат од владиниот кабинет
Климатизиран јавен превоз и координирани мерки на сите нивоа
Градовите ќе имаат обврска да обезбедат климатизиран јавен превоз во текот на целиот ден, а јавните простории и установи мора да овозможат пристап до разладени простории за граѓаните.
Можеби ќе ве интересира
НОЌВА ЌЕ СЕ ШТИТАТ ОБЈЕКТИ, ДОМОВИ И ИНФРАСТРУТУРА, ЗА ПОЖАРОТ ДА НЕ ДОЈДЕ ДО НИВ: ЦУК со важно соопштение за пожарот кај Блаце

ГОРИ БЛИЗУ МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ КАЈ БЛАЦЕ КОН СКОПЈЕ: МВР го пренасочува сообраќајот, забрана за тешки товарни возила

Мицкоски: Покрај опремата која ја набавивме за спречување на пожарите, во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари
ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БЛИЗИНА НА ПСИХИЈАТРИСКАТА БОЛНИЦА - пациентите и персоналот се евакуирани, екипите го ставија под контрола
„Еве што вели Вештачката интелигенција за безумниот број на факултети во Македонија“: професор Трајковски со поразлична објава

Хеликоптер на МВР го гасне пожарот над патот кон ГП „Блаце“, сообраќајот се одвива наизменично

„СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ ОДЛИЧЕН ГРАДОНАЧАЛНИК“: поддршка од првите сопартици за Орце - 'нова енергија што поместува граници'
„Да го вратиме Карпош на Карпошани, на убавите населби, зеленило и урбано живеење“: Лукровски кандидат на ВМРО за следните избори

„Беше спремна, информирана, поставуваше провокативни прашања': голем број сограѓани со емотивни пораки за Базерко
