ПАДНА КРАН НА ГРАДИЛИШТЕ: Поранешната касарна во Битола од поодамна е градилиште

Објавено во: Македонија 31 Мај, 2025 17:06
Попладнево во 14:30 часот на градилиште во поранешната битолска касарна падна кран. Нема повредени лица.
Во изјава за МИА, портпаролката на СВР Битола Сања Стаматова истакна дека случајот во СВР Битола го пријавил граѓанин, а веднаш потоа на терен излегла увидна екипа.
-Во 14:30 во СВР Битола пристигна пријава од граѓанин, а потоа и од уште неколку други граѓани кои забележале дека паднал кран на градилиште во поранешната касарна. Наши полициски службеници веднаш излегоа на терен, извршија увид и констатираа дека нема повредени лица, ниту пак има пријава за повредени лица во битолската Клиничка болница. Сепак, според процедурата, вршиме утврдување на причините за пад на кранот, изјави Стаматова.
Поранешната касарна во Битола од поодамна е градилиште. Бројот на станбени објекти се зголемува и тој простор станува нов урбан дел на градот.
Фото: МИАМожеби ќе ве интересира
„СО НАШИ ПАРИ ШЕТА И УЖИВА ПО БОСФОР“: ВМРО со остра реакција за патувањето на Јахоски

„МНОГУ СКОРО ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ И НЕКОИ ДРУГИ ДЕТАЛИ“: Мицкоски за тоа дали Данела е соработник на ДУИ за дестабилизација

Бугарски и грчки европратеници со 300 амандмани против „македонски јазик и идентитет“

Плата и денес нема, протест пред тетовската болница

ГЕРАСИМОВСКИ СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: „Подготвуваме неколку ригорозни мерки до Комуналното претпријатие“

„ЈАВНО ЌЕ ОБЈАВАМ СЀ“: „Секој граѓанин ќе види што се правело“, вели Арсовска

ЌЕ ИМА СО ШТО ДА ГАСИМЕ: Еден „Ер трактор“ вратен од сервис

„БАРБИ МЕСТО ДА ИЗИГРАВА ИНСПЕКТОР КЛУЗО, МОЖЕШЕ СО ТППЕ ДА ТРКНАТ ДО АРАЧИНОВО, ИЛИ САРАЈ И АРАЧИНОВО НЕ СЕ ТАРГЕТ,А?“ Михаилов за утринското загадување во Скопје

ГАЗДАТА НА ПУЦКО ПЕТРОЛ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Добил времен пасош од судот, отиде на прослава во Турција
