13 Јуни, 2025
0.0513

„ПИЈТЕ ВОДА И НЕ ЧЕКАЈТЕ ДА СЕ ПОЈАВИ ЖЕД“: препораки за заштита од топлотниот бран, еве што треба да правите

Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2025 10:21

Добивај вести на Viber

Избегнувајте изложување на сонце во период од 11 до 17 часот, задолжително носете капа со широк обод и очила за заштита од сонце, но и комотна облека во светли бои по можност да покрива поголем дел од телото се дел од препораките на стручните служби за заштита на граѓаните во текот на овие сончеви денови кога се најавуваат температури и до 38 степени. 

Од Институто за јавно здравје со препорака да се избегнува престој на сонце од 11 до 17 часот поради најавените температури и високите индекс на УВ зраците, а покрај лесната облека за заштита се препорачува и престој во климатизирани простории кога е можно.

Препораките се однесуваат на сите граѓани, но особено за најранливите категории - постари лица над 60 години, деца, бремени жени, хронично болни, лица со прекумерна тежина, оние со ментални нарушувања и граѓани кои се подложени на специфични терапии.

ИЈЗ предупредува дека ризикот од здравствени компликации е најголем кај оние кои работат или престојуваат на отворено во текот на најжешките делови од денот.

- Ако морате да бидете надвор, одмарајте често во сенка и избегнувајте директна изложеност на сонце, пијте доволно течности – вода пред сè – и не чекајте да се појави жед, никогаш не оставајте луѓе или животни во паркирани возила, дури ни за кратко, туширајте се со млака вода или ставете ладни облоги на телото, лицата со хронични болести строго да ги следат препораките и редовно да ја земаат терапијата, по консултација со матичен лекар - препорачува Институтот.

Предупредува и дека ако некое лице покажува знаци на топлотен удар - топла и сува кожа, болки во стомакот или губење на свест, веднаш треба да се повика итна медицинска помош на броевите 194 или 112.

Можеби ќе ве интересира

Во српското Собрание се слуша „Дали некој има кафетин“: Стори на Кики Мукаетова кое ја насмеа македонската јавност

Во српското Собрание се слуша „Дали некој има кафетин“: Стори на Кики Мукаетова кое ја насмеа македонската јавност

Град Скопје дава до 20.000 денари за купен инвертер, објавен е повикот

Град Скопје дава до 20.000 денари за купен инвертер, објавен е повикот

„САКАМЕ СОРАБОТКА, КОМУНИКАЦИЈА, САКАМЕ ДА ИМАМЕ ШТО ПОВЕЌЕ СРЕДБИ“: Муцунски за соседна Бугарија

„САКАМЕ СОРАБОТКА, КОМУНИКАЦИЈА, САКАМЕ ДА ИМАМЕ ШТО ПОВЕЌЕ СРЕДБИ“: Муцунски за соседна Бугарија

МВР: Уапсените полицајци не спречиле активирање на пиротехниката во „Пулс“

МВР: Уапсените полицајци не спречиле активирање на пиротехниката во „Пулс“

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 34 ЛИЦА ЗА ПУЛС: Истражна постапка против 13 полицајци поврзани со случајот

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 34 ЛИЦА ЗА ПУЛС: Истражна постапка против 13 полицајци поврзани со случајот

ВОЗЕЛ СО 2,02 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА И УДРИЛ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ - уапен жител на Радовиш

ВОЗЕЛ СО 2,02 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА И УДРИЛ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ - уапен жител на Радовиш

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

Утрото ми почнува со поглед кон вулканот кој лани неколкупати еруптираше и е одалечен од мојот дом само 20 километри: Љупка Тепева за животот во Исланд

Утрото ми почнува со поглед кон вулканот кој лани неколкупати еруптираше и е одалечен од мојот дом само 20 километри: Љупка Тепева за животот во Исланд

ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР Е ЗАТВОРЕН, АЕРОДРОМИТЕ НЕ РАБОТАТ: Пристигна итно предупредување од МНР за македонските граѓани

ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР Е ЗАТВОРЕН, АЕРОДРОМИТЕ НЕ РАБОТАТ: Пристигна итно предупредување од МНР за македонските граѓани

OSZAR »