ПОЧИТУВАНИ ЧИТАТЕЛИ, НАШИОТ И ВАШ ФАКТОР, ОТСЕГА ДИРЕКТНО НА FAKTOR.MK - следете ги кај нас сите ексклузивни и релевантни бизнис и економски вести и информации
Објавено во: Македонија 21 Мај, 2025 14:24
Почитувани читатели, редакцијата Фактор, како и најголемиот број релевантни и професионални интернет портали во земјава, донесе одлука да излезе од агрегаторот на вести Time.mk. Односно, нашите информации повеќе нема да може да бидат агрегирани од тој пребарувач.
Нашиот став се темели на принципиелното размислување дека нашиот авторски труд пренесен низ бројните текстови, вести, анализи и ексклузивни информации објавени од Фактор.мк, треба да бидат почитувани и соодветно третирани.
А како што е познато, во Законот за авторски и сродни права, кој е неодамна донесен, за прв пат се воведува новинарско авторско дело, со што всушност се регулира обврската за почитување на авторскиот труд на новинарите и медиумските работници.
Почитувани читатели на Фактор, Вие кои 12 години сте заедно со нас и секојдневно и во сѐ поголем број ги следите нашите содржини, отсега па натаму, или се додека не се постигне праведен начин на агрегирање на нашите авторски текстови, ќе нѐ следите директно на нашата адреса Faktor.mk. Впрочем, многумина од Вас тоа и досега го правеа, бидејќи Вие добро знаете дека Фактор е меѓу ретките ексклузивни, економски писмени и релевантни економски портали во државава. И дека секогаш прв доаѓа до економските и бизнис информации кои Ве интересираат.
Оние од Вас, пак, кои некогаш поради недостиг на време или некои други причини сте ги наоѓале нашите текстови на пребарувачите, Ве обхрабруваме отсега па натаму директно да го посетувате нашиот сајт. Бидејќи, таму ќе откриете многу други интересни и атрактивни економски писанија, кои досега, едноставно не сте ги среќавале на пребарувачите, иако предничеле и по брзина на објавена информација, и по ексклузивност, и по релевантност. Верувајте дека нема да зажалите.
Секако, нашите содржини ги објавуваме и на нашата Фан страница на Фејсбук, но и преку социјалната мрежа Инстаграм, па тоа се исто така адресите каде Ве покануваме да ги следите нашите текстови. Најновите вести може да ги следите и на нашата viber група.
Фактор, почитувани читатели, повеќе од 12 години наназад, како медиум со главно бизнис предзнак и лајт мотив, успеа да ја направи економијата и економските текстови интересни, корисни и разбирливи за секого. Доволен доказ за тоа е сѐ поголемиот број Ваши реакции, коментари, вашата доверба која секојдневно сѐ повеќе ни ја давате. Многу често нѐ фалите, не ретко и самите ни откривате информации, а некогаш, за волја на вистината, знаете и добро да нѐ искритикувате и искарате. Но, нас ни се подеднакво драги и пофалбите и забелешките.
Уште една би сакале да Ве известиме дека ние сме тука за вас, да ве информираме чесно, објективно, одговорно и вистинито. Некогаш да ви помогнеме подобро да ги разберете фактите и голите економски бројки, берзанските индикатори, статистичките графикони и табели, некогаш да откриеме некоја пикантна бизнис информација, која можеби ќе ви помогне во вашите деловни размислувања, а некогаш и добро да „подбереме“ одредена компанија, институција, а често и самата Влада, кога не сосема исправно или легално си ја вршат работата, па да им ги отвориме очите и на јавноста, и на органите кои треба да се позанимаваат со таквиот тип на дејствување. Со нашите информации и теми сме успевале и тоа како да отвориме серозни и здрави дебати по одредено важно економско прашање, па често и сме помагале да се спречат потенцијални лоши економски политики, или, пак, сме биле гласот на разумот за тие да се подобрат.
Затоа, почитувани читатели, продолжете директно да го следите нашиот и Ваш Faktor.mk.
Нина Нинеска-ФиданоскаГлавен и одговорен уредник на Фактор
Можеби ќе ве интересира
ИМА КРИЗЕН ШТАБ ВО МНР ЗА ЕСКАЛАЦИЈАТА МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: Нашите државјани строго да ги следат националните портали за итни случаи

Мицкоски: „Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна“

НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ПЕДИЈАТАР – ПРОФЕСОР СОФИЈАНОВА: Освен што ги лекува бебињата од само еден ден, таа има и висок моден стил

ВМРО СООПШТИ УШТЕ ОСУМ ИМИЊА НА КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: За Скопје ќе кажат во јули

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следува северен ветер до 60 километри на час

ШЕСТ ДОЛГИ КОЛОНИ ВОЗИЛА НА ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА: На „Богородица“ се чека со часови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинение против 34 лица за пожарот во Пулс, има докази кој ја внел пиротехниката

БЛИСКИТЕ БАРААТ ПОМОШ: Се изгубил Македонец во Германија

СО НИВ ЌЕ ЈА БАРА ДОВЕРБАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ објави осум кандидати за градоначалници
