„Примените и потрошените лекови за ретки болести не се евидентирани“: ревизорите со забелешки за работењето на Клиниката за хематологија

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2025 11:59
Отстапки во постапките за јавни набавки, нема спецификации во јавните постапки, има само по еден добавувач кој се пријавил на јавните набавки...
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за хематологија на сметката за средства од Фондот за 2023 година, при што укажуваат дека имаат повеќе забелешки за работењето.
- Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2023 година.
Извршена е ревизија на финансиските извештаи и за усогласеноста со законите и прописите за 2017 година и изразено е мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива - се наведува во ревизорскиот извештај објавен на веб страната на Државниот завод за статистика.
Со ревизија на финансиските извештаи на Клиниката за 2023 година утврдено е дека примените и потрошените лекови за ретки болести и лекови од донација не се евидентирани во сметководствената евиденција.
- Во дел од спроведените постапки за јавни набавки констатиравме несоодветна примена на Законот за јавните набавки и не хронолошко плаќање на преземените обврски.
Во насока на надминување на утврдените состојби ревизијата даде препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите. Во делот на Останати прашања ревизијата известува за Националниот систем за материјално-финансиско и сметководствено работење и Централниот систем за регистрација на работното време при Министерството, кои не се воспоставени во целост - се укажува во објаата на ДЗР.
Воедно дополнуваат дека во делот на Недостатоци во внатрешни контроли е известено за слабости во контролите
во дел од работните процеси во Клиниката.
Од страна на поранешните раководни лица на Клиниката доставена е една забелешка,
која претставува образложение за причините за утврдените состојби во Нацрт
извештајот на овластениот државен ревизор.
Ревизорите извршиле увидот во начинот на планирање, спроведување и реализација на постапките за јавни набавки спроведени во 2021, 2022 и 2023 година, а по кои во годината предмет на ревизија од оваа сметка се преземени обврски во вкупен износ од 748.628 илјади денари, извршивме ревизија на 8 постапки за јавни набавки, со кои опфативме 95 отсто од преземените обврски, при што констатиравме состојби кои упатуваат на недоследно почитување на одредбите од Законот за јавните набавки, и тоа:
- Спроведена е постапка за набавка на лабораториски реагенси и материјали со отстапување на апарати на бесплатно користење за период од две години по која во годината предмет на ревизија преземени се обврски во вкупен износ од 15.636 илјади денари. Утврдивме дека во техничките спецификации за апаратите се дефинирани карактеристики и параметри кои ја ограничуваат конкуренцијата поради што е доставена само по една понуда.
Наведеното не е во согласност со член 5 и член 82 од Законот за јавните набавки, со кои е пропишано дека во постапката за јавна набавка, договорниот орган не смее неоправдано да ја ограничува конкуренцијата помеѓу економските оператори и техничките спецификации мора да им обезбедат на сите економски оператори еднаков пристап до постапката за јавна набавка .
- Во текот на 2022 и 2023 година спроведени се две постапки за јавни набавки на услуги за занаетчиски работи на Клиниката и склучени се договори во износ од 21.240 илјади денари. Со увид во документацијата на постапките, ревизијата констатира дека предметот на јавната набавка не е прецизно дефиниран, односно не e направена предмер пресметка и не се специфицирани конкретни работи/позиции, како и обем/количини на работите кои ќе се изведуваат.
Со техничката спецификација предвидени се повеќе групи/видови на работи во рамки на кои се предвидени позиции за кои се бараат единечни цени, а предмет на евалуација е вкупната вредност на понудата, што не е во согласност со член 82 став 1 од Законот за јавните набавки каде е уредено дека предметот на набавка треба да се опише на јасен, недвосмислен, целосен и неутрален начин.
- Во двете постапки доставена е по една понуда од економски оператори со кои и се склучени договори и не е постигнато намалување на цените, што влијае на рационалното користење на средствата.
Можеби ќе ве интересира
ВО КОСТУМИ И ВО НОВОТО ЦРВЕНО ПАРТИСКО СЕДИШТЕ - Левица пречека висока делегација од Комунистичката партија на Кина, разменија и подароци

„ЗАСЕГА ТОЛКУ МОЖЕМЕ“: Коцевски откри до каде е истрагата за пожарот во Пулс во Кочани

ОБВИНИТЕЛСТВО СО ДВЕ ОБВИНЕНИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ „ОНКОЛОГИЈА“: четворица лекари онколози се товарат за несовесно лекување, еве ги деталите

НАЈМНОГУ ПРЕКРШЕНИ ПРАВАТА ЗА ДОБИВАЊЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ: Еве на што најмногу се жалеле граѓаните

„ЈАС МУ ОБЛАКАМ ЧОРАПИ, ГО МАЧКАМ, МАСИРАМ...“: траорно сведоштво на мајка на повреден во дискотеката во Кочани (ВИДЕО)

„ДОДЕКА ЈАС СУМ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА, ГАРАНТИРАМ ПОДЕДНАКОВ РАЗВОЈ НА СЕКОЈ МЕТАР КВАДРАТЕН“: Мицкоски вели секаде исто се инвестира

ФИЛМСКА ДРАМА НА ТАБАНОВЦЕ: Горело БМВ во движење, пожарникари го гаселе

„СЕРИОЗНИ МЕДИУМИ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, ИЗВЕСТУВААТ ДЕКА ЗЕМЈИТЕ ОД БАЛКАНОТ ЌЕ СТАНАТ ЦЕНТРИ ЗА ПРИФАЌАЊЕ БЕГАЛЦИ“: Филипче со критики за стратешкиот договор
