14 Јуни, 2025
0.0316

РИСТЕСКИ СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „ЛИДЛ“: Се планира отворање на маркети во сите градови со одржлива демографска и економска моќ

Објавено во: Економија 29 Мај, 2025 18:43

Добивај вести на Viber

Заменик министерот Ристески денеска одржа состанок со претставници на менаџментот на реномираната германска компанија „Лидл“, на која се дискутираше за новите инвестиции на трговскиот ланец во нашата земја.

Делегацијата од „ЛИДЛ“ беше составена од Милена Драгиска-Денчева, главен извршен директор на „Лидл“ - Бугарија, Рубријан Хаџиев, главен оперативен директор на „Лидл“ за Македонија и Теодора Хаџи-Димова Танаскоска, директорка за човечки ресурси во „Лидл“ - Македонија.

На состанокот со заменик министерот Ристески дискутираа за текот на работите на терен и динамиката на реализација на нивната стратегијата за експанзија, согласно која се планира отворање на маркети од светскиот бренд во сите градови со одржлива демографска и економска моќ. Во моментов покрај изградбата на маркети во повеќе локации низ државата, главна инвестиција на германскиот гигант е изградбата на логистичкиот центар во индустриската зона во Куманово, кој ќе служи како центар за снабдување на синџирот маркети.

Паралелно со изградбата, компанијата е во процес на воспоставување на соработка со голем број на македонски компании, а дел од нивните производи веќе можат да се најдат во продавниците на „ЛИДЛ“ во државите од регионот.

Ристески потенцираше дека Владата и министерството за економија и труд се партнер на сите инвеститори и дека стои на располагање за надминување на сите прашања и евентуални потешкотии со кои би се соочиле во текот на нивните активности. Тој изрази надеж за што е можно побрзо отворање на маркетите со што на македонскиот пазар би имале производи со европски стандарди и цени прифатливи за нашите граѓаните, како и за што е можно поголема застапеност на домашни производи во нивните маркети во Македонија и регионот.

Лидл е најголемиот европски синџир за малопродажба на храна, во моментов се застапени во 31 земјa, каде има околу 12.000 продавници и вработува повеќе од 360.000 луѓе.

Можеби ќе ве интересира

МОДНА ПОЛИЦИЈА, ЗАБРАНА ЗА СЕЛФИ, СКОКАЊЕ ОД КАРПИ ВО МОРЕ, ПУШЕЊЕ НА ПЛАЖА: Стотици, па и илјадници евра казни во популарните туристичките центри низ Европа

МОДНА ПОЛИЦИЈА, ЗАБРАНА ЗА СЕЛФИ, СКОКАЊЕ ОД КАРПИ ВО МОРЕ, ПУШЕЊЕ НА ПЛАЖА: Стотици, па и илјадници евра казни во популарните туристичките центри низ Европа

УБЕР СО АВТОНОМНИ ВОЗИЛА ВО ЛОНДОН ОД СЛЕДНАТА ПРОЛЕТ: Новата технологија ќе создаде дополнителни 38.000 работни

УБЕР СО АВТОНОМНИ ВОЗИЛА ВО ЛОНДОН ОД СЛЕДНАТА ПРОЛЕТ: Новата технологија ќе создаде дополнителни 38.000 работни

КЛИЕНТИ НА ДВЕ ГОЛЕМИ БАНКИ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ЦЕЛ НА ИЗМАМНИЦИ: Постојат неколку начини како да се заштитат

КЛИЕНТИ НА ДВЕ ГОЛЕМИ БАНКИ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ЦЕЛ НА ИЗМАМНИЦИ: Постојат неколку начини како да се заштитат

Трамп пријави повеќе од 600 милиони долари приход од криптовалути и голф клубови

Трамп пријави повеќе од 600 милиони долари приход од криптовалути и голф клубови

Русинка откри колку троши нејзиното четиричлено семејство во Белград

Русинка откри колку троши нејзиното четиричлено семејство во Белград

Израелските напади врз Иран ги вивнаа цените на златото

Израелските напади врз Иран ги вивнаа цените на златото

СТАН ОД 19 КВАДРАТИ СЕ ПРОДАВА ЗА 152.800 ЕВРА: Дали ви делува прифатливо?

СТАН ОД 19 КВАДРАТИ СЕ ПРОДАВА ЗА 152.800 ЕВРА: Дали ви делува прифатливо?

ОТКАКО ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ИРАН: За колку се зголемија цените на нафтата?

ОТКАКО ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ИРАН: За колку се зголемија цените на нафтата?

ЛЕБОТ НИКОГАШ НЕ БИЛ ПОСКАП ВО НЕКОИ ДЕЛОВИ ОД ЕВРОПА: Ова се цените во 13 земји

ЛЕБОТ НИКОГАШ НЕ БИЛ ПОСКАП ВО НЕКОИ ДЕЛОВИ ОД ЕВРОПА: Ова се цените во 13 земји

OSZAR »