02 Јули, 2025
0.0307

СЕ СКРАТУВА ВРЕМЕТО НА ПАТУВАЊЕ: Од денес отворена делницата Фариш-Дреново, од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2025 12:52

Добивај вести на Viber

Пуштена е во употреба делницата Фариш - Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување. Од денеска,  отворена е за сообраќај и оваа делница. 

Проектот е со вкупна вредност од 44,74 милиони евра и е финансиран со заем од ЕБОР (Европска банка за обнова и развој). На пуштањето денеска присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. 

На настанот беше кажано дека се успеа да се заврши и пушти во употреба, по неполни 6 месеци откако на почетокот на годинава, беше  пуштена првата делница Градско-Дреново. Всушност, се довршија градежните работи за изградбата на делницата Фариш-Дреново од  експресниот пат А1 и се доби целина од 26 километри експресен пат во Коридорот 10д со кој се скратува на времето на патување од Градско кон Прилеп, Битола, Ресен и понатаму. 

- Го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш – Дреново, во должина од 10,2 километри, со вредност од речиси 45 милиони евра – проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин. Овој пат е од витално значење и за Кавадарци, Прилеп, Битола и за Ресен. Овие пари, не завршија, како во минатото, во нечии џебови, не исчезнаа во провизии, тендери, фиктивни договори. Туку се тука, пред вас. Во асфалтот. Во оваа делница. Во реални, опипливи дела, истакна премиерот. 

Дојде време, рече тој, кога државата не е банкомат за моќници, туку мотор на развојот.

- Дојде време кога проектите не се рекламираат на хартија, туку се градат на терен. Дојде време кога парите од граѓаните – се враќаат назад кај граѓаните, преку проекти, патишта, училишта, фабрики. Македонија се гради – чекор по чекор, делница по делница, проект по проект. Со чесна работа, домаќинска политика и партнерства како ова со ЕБОР – ја менуваме државата од темел, нагласи тој. 

Притоа подвлече дека овој пат, Фариш – Дреново, не е само пат – тој е порака.

 - Порака дека можеме поинаку. Порака дека ако се сака – се може. И доказ дека Македонија не е осудена на застој, туку е на патот на напредокот. Граѓаните имаат очекувања. И ние нема да ги изневериме. Кога велиме „Ги градиме темелите на промените“, тоа не се празни зборови. Тоа се патишта како овој. Тоа се училиштата кои ги обновуваме. Болниците што ги реконструираме. Тоа е новата економија, новата индустрија, новите работни места што ги отвораме. И тоа е новото време – време на одговорност, време на изградба. Доаѓа времето на Македонија. Време на чесна власт, јасна визија и видливи резултати, посочи премиерот. 

Тој посака среќа за сите, делницата да им служи на сите, долги години.


Можеби ќе ве интересира

МУЦУНСКИ: Идентитетот е сложена категорија во овој регион, за жал и во 21 век се обидуваат да го оспорат

МУЦУНСКИ: Идентитетот е сложена категорија во овој регион, за жал и во 21 век се обидуваат да го оспорат

„МИСЛАМ ДЕКА Е ОГРОМНА ПОРАКА“: Мицкоски за договорот со Бугарија за коридор 8

„МИСЛАМ ДЕКА Е ОГРОМНА ПОРАКА“: Мицкоски за договорот со Бугарија за коридор 8

СДСМ: Кос требаше да внимава каква изјава дава за чувствителни прашања

СДСМ: Кос требаше да внимава каква изјава дава за чувствителни прашања

„ПАМЕТЕН И ДОСЕТЛИВ САРКАЗАМ БЕШЕ ДОЗВОЛЕНА ПОЛИТИЧКА КОМУНИКАЦИЈА КОГА НИЗ ЕВРОПА ИМАШЕ ПРОНИКЛИВИ ЛУЃЕ“: Димовски за изјавата на Марта Кос

„ПАМЕТЕН И ДОСЕТЛИВ САРКАЗАМ БЕШЕ ДОЗВОЛЕНА ПОЛИТИЧКА КОМУНИКАЦИЈА КОГА НИЗ ЕВРОПА ИМАШЕ ПРОНИКЛИВИ ЛУЃЕ“: Димовски за изјавата на Марта Кос

Македонец уапсен во Црна Гора, се сомничи за перење пари

Македонец уапсен во Црна Гора, се сомничи за перење пари

„ДРСКО И БЕЗОБРАЗНО ЛАЖЕ И ЈА МАНИПУЛИРА ЈАВНОСТА“: АХВ со остра реакција кон Костадинов, но без коментар за судската пресуда

„ДРСКО И БЕЗОБРАЗНО ЛАЖЕ И ЈА МАНИПУЛИРА ЈАВНОСТА“: АХВ со остра реакција кон Костадинов, но без коментар за судската пресуда

Доказните материјали за пожарот во „Пулс“ префрлени од Кочани во Скопје

Доказните материјали за пожарот во „Пулс“ префрлени од Кочани во Скопје

Собранието спрема серијал „Вашиот пратеник“ – Ќе се снима во Собраниското студио, а ќе се плаќа и надворешна фирма за ко-продукција

Собранието спрема серијал „Вашиот пратеник“ – Ќе се снима во Собраниското студио, а ќе се плаќа и надворешна фирма за ко-продукција

МЕЧКА НАПАДНА ЖЕНА ВО ТЕТОВСКО - повредената е згрижена во Клиничката болница

МЕЧКА НАПАДНА ЖЕНА ВО ТЕТОВСКО - повредената е згрижена во Клиничката болница

OSZAR »