Се затвори најпознатото кафуле во Струмица по 11 години работа

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2025 18:45
Кафулето „Концепт“, кое важи за најпознато и најпрофесионално водено во Струмица, со фотографија од вработените соопшти дека затвора по 11 години работа по одлуката на општината дека не смее да се користи надворешниот простор.
„Со големо жалење ве информираме дека сме принудени на нашата заедничка Concept Hybrid Bar приказна да и ставиме крај.
После 11 години секојдневна заедничка кафе дружба, забави, споделување радосни моменти, славење титули, родендени, имендени, запросувања и уште многу спомени кои засекогаш ќе останат, а требаше уште да траат, Концепт Хибрид Бар престанува со работа.
Иако не постои едноставен начин ваква информација јавно да се сподели, како на наши верни посетители должни сме да ве известиме за околностите под кои оваа одлука беше донесена.
За сите овие 11 години кафе бар Концепт има издадено 11 поединечни годишни одобренија од Општина Струмица за користење на јавната површина, а за која јавна површина до милиметар не се одстапуваше од пропишаното и за која навремено односно предвреме секогаш беше платено, единствено имавме неусогласеност со правилникот за поставување на урбаната опрема во делот на застакленост (да нагласиме) тоа е присутно скоро кај сите угостителски објекти како во градот така и во државата.
Во меѓувреме, Струмица како единствен град во Македонија превзеде активности со кои ни беше наложено постоечките времени објекти- тераси, да ги одстраниме. Со тоа, понатамошмото постоење на Концепт хибрид бар без летната тераса ја губи својата смисла.
Како општествено одговорни граѓани ќе постапиме по барањата на општината и ќе останеме доследни во почитувањето на прописите“, соопшти кафе-барот.
Инаку овој угостителски објект е во сопственост на Илија Стојанов, познат по тоа што преку оваа фирма претходно менаџираше бифеа во сопственост на Слуѓбата за општи и заеднички работи на Владата.
Можеби ќе ве интересира
НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ПЕДИЈАТАР – ПРОФЕСОР СОФИЈАНОВА: Освен што ги лекува бебињата од само еден ден, таа има и висок моден стил

ВМРО СООПШТИ УШТЕ ОСУМ ИМИЊА НА КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: За Скопје ќе кажат во јули

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следува северен ветер до 60 километри на час

ШЕСТ ДОЛГИ КОЛОНИ ВОЗИЛА НА ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА: На „Богородица“ се чека со часови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинение против 34 лица за пожарот во Пулс, има докази кој ја внел пиротехниката

БЛИСКИТЕ БАРААТ ПОМОШ: Се изгубил Македонец во Германија

СО НИВ ЌЕ ЈА БАРА ДОВЕРБАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ објави осум кандидати за градоначалници

ЈАКИМОВСКИ: Соочени сме со колапс на ЈП „Паркови и зеленило“
