Божиновска: Се разгледуваат најдобрите финансиски услови за ХЕЦ Чебрен

Објавено во: Економија 27 Мај, 2025 12:23
Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска како одговор на новинарско прашање рече дека се прави финансиската конструкција за изградба на проектот ХЕЦ Чебрен,откако вчера премиерот Христијан Мицкоски објави дека тој ќе се реализира со пари од британскиот заем и треба да чини 1,2 - 1,3 милијарди евра.
- Формирана беше експертска група која работеше неколку месеци и поставивме некоја рамка. Сега сме во финални размислувања да видиме колку тоа би изнесувало - дали ќе биде тоа 1,2 - 1,3 милијарди, со тоа што да видиме точно која ќе биде висината на браната и што се ни е потребно. Кога ќе ја знаеме точната сума, бидејќи секако сакаме тој да биде наш проект, ќе бидиме под кои услови, затоа што тоа е проект кој ќе се гради седум-осум години. Тоа нема да треба одма да се платата парите и затоа ќе видиме под кои најдобри услови ќе може да почнеме со изградба, рече Божиновска.
Според миниустерката, најдобра сценарио би било финансирањето да биде од странство, а проектот да остане на државата, но дека треба „да се разгледаат сите опции и да се одбере најдобрата за граѓаните“.
Можеби ќе ве интересира
Работодавачите бараат пензионерите да работат повеќе од 180 дена годишно

Славевски: Не можам да се пофалам дека уживав во функцијата претседавач на Совет на Град Скопје

Патраклиски од ЕАМ: Бизнисот го започнавме со 7.000 марки во станот на баба ми

Патраклиски: За Мерцедес правиме 300.000 работни маички

Николоски: Допрва ќе ги добиеме условите за задолжувањето со британскиот заем

Патраклиски во „Бизнис муабети“: Како ЕАМ наиде на соработка со Илон Маск?

До летото уште две недели, ќе се пушта дел од автопатот Кичево - Охрид

Божиновска: Најдобро е Чебрен да биде наш, македонски капацитет
