16 Јуни, 2025
0.0536

Данела Арсовска: Газдата на „Адријус“ рече дека работникот сам си дошол да копа див приклучок

Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2025 11:39

Добивај вести на Viber

Фирмата „Адријус“ од селото Глумово, општина Сарај, минатата недела беше затекната на дело додека вршела бесправна градба и правела нелегален приклучок од фекална кон атмосферска канализација на булевар „Словенија“ во Скопје. 

Градот Скопје ја казни фирмата и поднесе пријава до надлежните институции за вршење на кривично дело. Градоначалничката Данела Арсовска, која го обелодени случајот, денеска во емисијата „Стадион“ на Канал 77 рече дека на местото на настанот се појавил сопственикот на „Адријус“, но се обидел одговорноста да ја префрли на општиот работник.

- Знаете што направи газдата на самото место таму кога ги фативме - општиот работник кој што ја копаше таму канализацијата - не знам што бара овој во недела тука, сам си копа, сам си дошол. Ова го кажува пред 20-тина сведоци од кои дестина инспектори од Град Скопје и присутно Министерство за внатрешни работи, а таму бевме и јас и советник од Град Скопје, рече Арсовска.

Таа вели дека со тоа, сакала да покаже дека не се разбудила од зимски сон пред локалните избори на истекот од мандатот и дека нејзиниот фокус не се само дивоградбите од Чаир. Арсовска рече дека го обелоденила и случајот со трите хемиски фабрики во Ѓорче Петров.

Градоначалничката додаде дека Стевче Јакимовски не и е коалиционен партнер, туку дека со градоначалникот на Карпош „не сакаат да се видат“.

- Од 42 директори на јавни претпријатија, установи и училишта, најголем број се од ВМРО-ДПМНЕ, има директори од Левица, од ДУИ, од ВЛЕН, од ГРОМ и од СДСМ. Тоа се луѓе кои што си конкурирале и не ме интересира која провиненција се. Јас немам коалициони партнери.  Не ги прашувам која членска книшка ја имаат, тие не се мои директори, вели Арсовска.

За градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, вели дека „криминалот го направил“ на 20 март 2025 година и затоа во изминатиот период решила да ја „започне кампањата против него“.

- Уште од пред три години кога се обидуваше да легализира дивоградби му е вратена со пропратна документација на кој начин да постапи. Или законски да си ги обезбеди документите, или да руши. Тој претстана да постапува и му се наредија 150 случаи. Сега кога почнаа возила да му палат, одеднаш  на 20 март тој прави два фалсификати пропратени со уште десетина други кои ги запишува во Катастарот на недвижнини.

Сега е фатен со фалсификат, го носам во Обвинителство, јавувам по институции и никој не реагира. 

Вакво нешто како кај Ганиу во другите општини нема, но пристигаат барања за легализации.  Луѓето бараат легализација на дивоградби, меѓутоа се знае - треба тие да се изградени до 2011 година. Луѓето сакаат да легализираат доградби како тераси, заеднички простории, гаражи итн, а Висар сака да легализира цели згради со по 50 стана, а тие се градени минатата година. 

Обвинителството ме повика да носам документи, но тој човек ги брише, ги уништува доказите, го избриша документот од Катастарот на недвижнини. На Ганиу за помалку од 24 часа му се брише целата документација и дивоградбите и легализацијата и имотниот лист, за да може после да го уништи тој предмет и никој не оди да ги добави документите кај него, рече меѓудругото Арсовска.




Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!

OSZAR »