Фактор анализа ПРИЛЕП 2024: Снаодливи на Итар Пејо, ербапи на „Крале Марко“! Кои се прилепчаните што лани направија најголеми профити?

Објавено во: Економија, Анализа 20 Мај, 2025 14:14
Прилеп има 15 фирми кои лани направиле приход поголем од 5 милиони евра, а 8 меѓу нив се компании кои имале приходи поголеми од 10 милиони евра. Заедничко за сите е што оствариле добивка од работењето во 2024 година. Клучни генератори на прилепската економија се домашно поседуваните гиганти „Витаминка“ и „Прилепска пиварница“ заедно со странските компании „Гентерм“, „Мермерен комбинат“ и „Комфи-Ангел“. Прилеп и покрај бурната транзиција останува град со силна и релативно разновидна индустрија, а покрај индустријата значајна улога во економското живеење на овој голем град игра и домашниот трговски еснаф и производителите на тутун и на храна
Градот херој, синонимот на антифастичкиот отпор во Македонија, но и на активностите на централистите на „Внатрешната“. Родниот град на великаните Ѓорче Петров и Пере Тошев, родното место на Марко Цепенков и Димитар Талев. Градот чиј непокор, хероизам и традиција се испишува уште од легендите за Крали Марко, а снаодливоста и итроманштината преку приказните за Итар Пејо. Прилеп е градот чии синоними се тутунот, мермерот, ширданот, „Златниот даб“, „Стоби Флипс“ и „Газоза“ и шегите на „чешитите“ прилепчани чиј заштитен знак беше е и ќе остане актерот Џумерко. Прилеп е град што плени со својата уникатност, гостопримливост, родољубивост.
Официјалните податоци за 2024 година од ЦРМ покажуваат дека меѓу домашно-псоедуваните фирми најголема е прилепска прехранбена индустрија „Витаминка“. Ретко кој град во земјава може да се пофали дека во локалната индустрија најголема по приходи е компанија која во целост е поседувана од домашни сопственици, во овој случај акционери меѓу кои најбројни се вработените.
За волја на вистината според остварените приходи најголема прилепска фирма, за нијанса, е странската гринфилд инвестиција „Гентерм“. Од домашно поседуваните компании лани најпрофитабилна била „Прилепска пиварница“. „Витаминка“ и натаму е број еден од домашните компании, а најголем профит традиционално носи прилепскиот мермер под закрила на грчките газди...
Можеби ќе ве интересира
ЕДС Инфо поинт: Берзанската струја за петок околу 76 евра за мегават час

КОНФЛИКТОТ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: „Апсолутно ќе има влијанија“, вели Бислимоски

Дали Николоски денес најави ново задолжување од 500 милиони евра од Унгарија?

ПРЕД ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Пуштен во употреба реконструираниот пат Охрид - Свети Наум

ЕВТИНИТЕ КОПИИ НА ДУБАИ ЧОКОЛАДОТО ОПАСНИ ПО ЖИВОТ: Пристигна предупредување до купувачите во Велика Британија

Кој заложи 2,5 хектари земја и сончева централа за 2 милиони евра? Произведува домати, краставици и пипер за 12 милиони евра годишно!

ЕСМ бара поскапување на парно греењето за околу 35 отсто, на потег е Регулаторна комисија за енергетика

ЕДНИ ЌЕ ИЗРАБОТУВААТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ, ДРУГИ ЌЕ ГИ ПРОВЕРУВААТ – се менува Законот, еве што сѐ ќе биде ново

СО МИНИМАЛЕЦ НЕ СЕ ЖИВЕЕ: Ги прашавме граѓаните дали имаат можност и енергија за втора работа
