ФАКТОР НА ДЕНОТ: Каја Калас порача дека патот до ЕУ не е лесен, се надева дека планот А ќе функционира

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2025 22:04
КАЈА КАЛАС ОД СКОПЈЕ ПОРАЧА МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ
Европската Унија останува со Северна Македонија на патот кон целосното интегрирање, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Каја Калас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје.
Високата претставничка истакна дека разговарале за повеќе теми, при што потенцира дека земјава е првиот корисник во регионот на она што го нуди Планот за раст на Западен Балкан, но и прва држава, која го потпишала Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ.
НАДЛЕЖНИТЕ ДАДОА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА СЛУЧАИТЕ НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ
Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се два случаи на мајмунски сипаници.
Андоновски соопшти дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести.
Апелира граѓаните да не паничат оти како што рече, системот функционира и се преземаат сите активности.
И директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска информира дека се работи за два машки пациенти родени на 1981 и 1985 година, и двајцата од Скопје. Според информациите шти ги дале двајцата пациенти не патувале никаде надвор од државата.КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВЕ ЛИЦА ЗА СКАНДАЛОТ НА ОНКОЛОГИЈА
Две лица одат во куќен притвор за скандалот на Онкологија каде вработени на „црно“ препродавале лекови на Косово.
„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, доставен до судот заедно со обвинителен акт за предметот во јавноста познат како „Онкологија“, по одржана седница во присуство на странките донесе решенија со кои: против обвинетите Н.В. и Н.Н се определува мерка куќен притвор, а воедно останува во сила претходно определената мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 т. 1 од ЗКП односно Опасност од бегство“, информираа од судот.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
Можеби ќе ве интересира
ЦРНА ПРОГНОЗА ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Дури 7 милиони нови работни места ќе исчезнат оваа година, и за тоа само еден човек е виновен

КОЦЕВСКИ ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Oд утре почнува увидот на одбраната во доказите

ОВА ПОЧНУВА НАСКОРО: Ќе има венчавки во „Порта Македонија“

МУЦУНСКИ СЕ СРЕТНА СО РУБИО: Сојузниците во НАТО треба да потрошат 5 отсто од БДП за одбраната

ДОКТОРКА КАТЕ СИ ЗАМИНУВА, ИАКО НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА JA ЗАМЕНИ: Повредените од Кочани се загрижени

ИСЧЕЗНАТИОТ МИЛЕ ТОДОРОВ НАВОДНО ГО ВИДЕЛЕ КАЈ СЕРТА: Неговата сестра апелира ако некој го забележи да пријави во полиција

МИЦКОСКИ ДО БУГАРИЈА: Имате Комитет во кој членуваат малцинствата Роми, Турци и Ерменци, а зарем ние Македонците не заслуживме место?

OJO ЈА ОТФРЛИ ПРИЈАВАТА: Друг сертификат по англиски го спаси Бојан Христовски

Краделе во прилепската болница додека финансиска полиција чешлала
