ФИЛИПИНЦИ, НЕПАЛЦИ, ИНДИЈЦИ РАБОТАТ ВО ХРВАТСКА: Некои одговориле дека до крајот на животот ќе останат во земјата

Објавено во: Економија 27 Мај, 2025 18:23
Поради стареењето на населението, Хрватска ќе мора да продолжи да увезува работници од странство.
Најстарото население во Централна и Источна Европа, според актуелните податоци на Евростат, е концентрирано во поранешна Југославија, особено во Хрватска, со просек од 45,4 години, како и во Словенија и Србија, по 45,2 години.
Хрватска стана европски шампион во увозот на работна сила во 2023 година, а очигледно е дека овој тренд ќе продолжи и во наредните години, објавува порталот „Пословни“.
Според статистиката, 95 проценти од сите дозволи за престој во Хрватска се наменети за странски работници, што зборува за економски раст и исклучителна прилагодливост на хрватскиот пазар на трудот, но исто така создава нови структурни и политички предизвици.
Во Европската Унија, тој процент е значително помал и изнесува 34 проценти.
Во анкета спроведена на примерок од 400 странски работници во Хрватска, особено од Филипините, Непал и Индија, се наведува дека 22 проценти од испитаниците работат во транспортот, 19 проценти во угостителството и 17 проценти во градежништвото.
Тие ги наведуваат економските причини како главен мотив за доаѓање во Хрватска, а речиси 90 учесници во истражувањето изјавиле дека финансиски го издржуваат своето семејство.
Според анкетата, 32 проценти од испитаниците планираат да останат во Хрватска до пет години, 23 проценти сакаат да останат помеѓу шест и десет години, 20 проценти до пензионирање и 19 проценти до крајот на животот.
Странските работници се најзадоволни од своето здравје, најмалку задоволни од својот животен стандард, а и покрај пречките со кои се соочиле, 34 проценти од работниците веруваат дека квалитетот на нивниот живот значително се подобрил по пристигнувањето во Хрватска, покажува истражувањето.
foto Shutterstock/Roman Babakin
Можеби ќе ве интересира
МИЦЕВСКИ ЗА СЛАВЕСКИ: Никој не ја оспори неговата квалификацијата и професионалниот интегритет

СПАСОВСКИ: Власта спогодбата со Британија ја турка како меѓународен договор

ДРЖАВАТА ШТЕДИ: Укинаа 48.000 работни места во јавниот сектор

МИЦКОСКИ ГО ПОЗДРАВИ РАТИФИКУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ СО БРИТАНИЈА: Ова е силно сојузништво со една од најсилните држави

СТАПКА НА НЕВРАБОТЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА: Можно ли е да падне под 9 отсто?

УБАВИ ДЕСТИНАЦИИ ВО ЕВРОПА: Се продаваат привлечни домови за помалку од 100.000 евра

ТРЕНДАФИЛОВ: Нашите работници во Словенија, Германија, Хрватска се продуктивни зашто таму платите се три до четирипати повисоки
