„ИСТИОТ СОФТВЕР БЕШЕ НАБАВЕН И ВО 2021 ГОДИНА“: МВР по обвинувањата на опозицијата тврдат дека се спроведува редовна обнова

Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2025 19:28
И Министерството за внатрешни работи реагираше на обвинувањата на опозицијата и се јавија со соопштение во кое ги отфрлаат како невистинити и неосновани тврдењата изнесени од страна на СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“.
- Потенцираме дека станува збор за редовно обновување на лиценци за специјализиран форензички софтвер, кој Министерството веќе повеќе од една деценија го користи за екстракција и анализа на дигитални податоци од мобилни телефони и други електронски уреди, во рамки на истраги што се водат исклучиво врз основа на наредби и во согласност со законските процедури - се наведува во соопштението од МВР.
Овие алатки, како што посочуваат од МВР, не овозможуваат и не се користат за прислушкување, туку претставуваат стандардна опрема за дигитална форензика, каква што се користи и од други безбедносни институции ширум светот.
МВР во соопштението напоменува дека ист софтвер бил набавен и во 2021 година, во време кога Министерството било раководено од министер од политичката партија СДСМ, што како факт сам по себе ја нагласува противречноста на денешните обвинувања.
- Набавката е спроведена транспарентно и во согласност со Законот за јавни набавки и има единствена цел да го засили капацитетот на Одделот за форензички испитувања во откривање и докажување на кривични дела - се нагласува во соопштението.
Од Министерството апелираат до сите политички чинители да се воздржат од пласирање на дезинформации кои ја поткопуваат довербата во институциите.
-Очекуваме поддршка за професионалното и законито постапување на службите во интерес на јавната безбедност. Борбата против криминалот мора да биде заеднички приоритет, а не повод за политички конструкции што одговараат само на оние кои се плашат од функционални институции и владеење на правото, истакнуваат од МВР.
Опозициската СДСМ денеска обвини дека Министерството за внатрешни работи на почетокот на мај потпишало договор за набавка на софтвер кој се користи за прислушкување и шпионажа на телефонските уреди.
Можеби ќе ве интересира
„СОЗДАЛЕ ФИЛМСКО СЦЕНАРИО, МОРБИДЕН ПЛАН“: Завршни зборови на обвинителката Трајковска за убиството на Вања и Панче

Градоначалникот Мерко прогласен за невин за скапото „ауди“

„МИЦКОСКИ НЕ ВЕРУВА ДЕКА СМЕ СЕРИОЗНИ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ“: Беџети му се обрати на премиерот

Безбедњакот Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ е опфатен во истрагата за трагедијата во Кочани

ИСТРАГАТА ЗА ПУЛС СЕ ПРОШИРИ И НА СОПСТВЕНИКОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ: Ја обезбедувале дискотеката без склучен договот

Радослав Милошески меѓу добитниците на престижната „Business Elite's Under 30“ награда за 2024 година

ЦЕНАТА НА СТРЕСОТ ИЗНЕСУВА 200.000 ДОЛАРИ ГОДИШНО: Дури и деца на шест години доживуваат стрес
ЕВЕ КАКО НАЈДОБРО ДА ИЗВАДИТЕ ПАСОШ ПО ИТНА ПОСТАПКА: За околу 6.000 денари, пасошот го добивате за 48 часа!
