НИЕ СМЕ ПРВИ ВО ЕВРОПА И ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО ЕУ: Мицкоски се пофали

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2025 06:00
Од последни во Европа по странски инвестиции, до први во Европа со 1 милијарда и двесте педесет и пет милиони евра, што е најдобар резултат од независноста до денес. Од минусно салдо на раст на БДП и последни во Европа до денешен растот на БДП од 3.2 отсто и 4-та економија во Европа. Од двоцифрена инфлација до ниска 2.7 отсто за месец март, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски денеска во Велес на 34-тата годишна Конференција на УМС под мотото „34 години постоиме за младите“.
Мицкоски посочи дека порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците од 9 до 10 проценти на годишно ниво.
- Од индустриското производство кое беше минус 2, до раст на индустриско производство за март од 5.2. Од автопат Кичево Охрид кој стагнираше, и беше најважно подизведувачите да се од Кичевски Зајас или струмичко до автопат кој се гради и кој за една година ќе биде готов. Затоа што нема повеќе тендери во четири очи и денес има одговорност, нагласи Мицкоски.
Во својот говор претседателот на ВМРО - ДПМНЕ посочи дека студентски домови кои беа руинирани и запустени, сега се градат и осовременуваат.
-Од срамни и штетни договори до стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Од одземена и обезличена Македонија до Македонија која е повторно ваша, и кажува што сака и за што се бори, рече Мицкоски.
Притоа порача дека помина времето кога криминалците и клановите беа главни, кога, како што рече, „артановци и заевци од државата имаа свој пашалак“.
-Македонија се исправа, и победува. Македонија припаѓа повторно на народот. Ова е ново време, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕД ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Пуштен во употреба реконструираниот пат Охрид - Свети Наум

ЕВТИНИТЕ КОПИИ НА ДУБАИ ЧОКОЛАДОТО ОПАСНИ ПО ЖИВОТ: Пристигна предупредување до купувачите во Велика Британија

Кој заложи 2,5 хектари земја и сончева централа за 2 милиони евра? Произведува домати, краставици и пипер за 12 милиони евра годишно!

ЕСМ бара поскапување на парно греењето за околу 35 отсто, на потег е Регулаторна комисија за енергетика

ЕДНИ ЌЕ ИЗРАБОТУВААТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ, ДРУГИ ЌЕ ГИ ПРОВЕРУВААТ – се менува Законот, еве што сѐ ќе биде ново

СО МИНИМАЛЕЦ НЕ СЕ ЖИВЕЕ: Ги прашавме граѓаните дали имаат можност и енергија за втора работа

РОССТАТ ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колкава е инфлацијата во Русија?

НОВА ПРОГНОЗА: Кога се очекува економско закрепнување на Германија?

ХРАНАТА ВО ЕВРОПА ПОСКАПУВА: Само кај маслиновото масло има поевтинување за над 40 отсто
