07 Јуни, 2025
0.0287

СЕ СУДРИЈА ЗА ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ЗА ИДЕН ГУВЕРНЕР: ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка, СДСМ остро ќе се спротивстават

Објавено во: Финансии 22 Мај, 2025 12:22

Добивај вести на Viber

Најголемата владејачка партија, но и најголемата опозициска партија, се огласија откако претседателката Гордана Силјановска Давкова вчера соопшти дека го предлага професорот Трајко Славески за иден гувернер на Народна банка на Македонија. 

За да седне на гувернерското столче, поранешниот министер за финансии и сегашен претседател на Советот на Град Скопје треба да биде избран на пленарна седница, со просто мнозинство од 61 глас од народните избраници.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како што изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, ќе даде поддршка за предлогот Славески да ја добие функцијата гувернер.

Според него, согласно Уставот обврска на претседателот на државата е да го даде предлогот за гувернер.

„Тоа е одлука на претседателот на државата, не е одлука на Владата. Согласно Устав, претседателката на државата го поднесува тој предлог така што немам што да коментирам. Предлогот ќе ја добие поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

На ова се спротивставува најголемата опозициска партија, СДСМ. 

Имено, од СДСМ соопштија дека остро ќе се спротивстават на предлогот Трајко Славески да биде избран за гувернер на Народната банка.

„Невиден преседан е да се дозволи класичен партиски пион да ја води оваа важна финансиска институција, каде што досега секогаш имало независни експерти на функцијата гувернер. Трајко Славески е човекот за кој 9.000 денари минимална плата се ‘многу пари’. Тој е перјаницата на Мицкоски против интересите на работниците. Гувернер ќе стане економистот кој е познат како најголем непријател на идејата за покачување на минималната плата, како и непријател на правилното пресметување на потрошувачката кошничка за четиричлено семејство, човекот кој, додека ги водеше финансиите на земјата, жестоко ја раскрчмуваше и задолжуваше државата“, наведуваат од Бихаќска во својата реакција до јавноста.

Оттаму и додадоа дека се длабоко разочарани од „полтронскиот однос“ на претседателката Горадна Сиљановска Давкова.

„Имаше можност да застане зад сопствен избор, да промовира независна и стручна личност, но реши да ја наведне главата пред Мицкоски“, се додава во реакцијата од СДСМ.

Како што е познато, претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера го предложи проф. д-р Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка, што се случи откако претходно имаше состаноци со сите тројца кандидати за иден прв човек на монетарната власт во земјава.

Од Кабинетот на претседателката информираа дека при донесувањето на одлуката, претседателката се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.

„Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, посочија од Кабинетот на претседателката.

Инаку, актуелна гувернерка на Народната банка е Анита Бежоска Ангеловска, чии мандат заврши вчера, но согласно Законот за Народна банка, таа ќе раководи со монетарната власт во земјава се до изборот на новиот гувернер. 

Мандатот на гувернерот трае седум години.

Можеби ќе ве интересира

КОЈ ИМА НАЈДОБРА МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО ЕВРОПА? Еве каде се најдобри условите за живот споредено со трошоците

КОЈ ИМА НАЈДОБРА МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО ЕВРОПА? Еве каде се најдобри условите за живот споредено со трошоците

„БАРААТ 12 ЕВРА, САМО ЗА ДА ЛЕГНЕШ НА ЛЕЖАЛКА!“: Цените во Грција ги шокираа туристите

„БАРААТ 12 ЕВРА, САМО ЗА ДА ЛЕГНЕШ НА ЛЕЖАЛКА!“: Цените во Грција ги шокираа туристите

НИШТО НЕ ОСТАНА ОД МИЛИОНСКИОТ ИМОТ НА ТИТО: Неговиот внук имаше само прстен кој Тито го добил на подарок од Сталин

НИШТО НЕ ОСТАНА ОД МИЛИОНСКИОТ ИМОТ НА ТИТО: Неговиот внук имаше само прстен кој Тито го добил на подарок од Сталин

ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ВРАЌАМЕ И ДО 2040 ГОДИНА - издадени се две државни обврзници, ова се деталите

ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ВРАЌАМЕ И ДО 2040 ГОДИНА - издадени се две државни обврзници, ова се деталите

ТЕШКА РАБОТА ЗА СИТНИ ПАРИ: Еве колку се плаќа берењето јагоди во Србија, Хрватска и Германија

ТЕШКА РАБОТА ЗА СИТНИ ПАРИ: Еве колку се плаќа берењето јагоди во Србија, Хрватска и Германија

ГЕРМАНЦИТЕ ТРУПААТ ГОТОВИНА КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА: Речиси 400 милијарди евра се скриени „под душекот“ -

ГЕРМАНЦИТЕ ТРУПААТ ГОТОВИНА КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА: Речиси 400 милијарди евра се скриени „под душекот“ -

ПРЕЗЕМАЊЕТО НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА СТАНУВА СЕ ПОИЗВЕСНО: Алта банка со известување до Комисијата за заштита на конкуренцијата, еве ги деталите

ПРЕЗЕМАЊЕТО НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА СТАНУВА СЕ ПОИЗВЕСНО: Алта банка со известување до Комисијата за заштита на конкуренцијата, еве ги деталите

МАСОВНА ПОБАРУВАЧКА НА РАБОТНИЦИ ВО СРБИЈА: Дневница од 50 евра, но никој не се пријавува

МАСОВНА ПОБАРУВАЧКА НА РАБОТНИЦИ ВО СРБИЈА: Дневница од 50 евра, но никој не се пријавува

СООБРАЌАЈНИ КОНТРОЛИ НА ХАЛКИДИКИ: Српски туристи казнети со 200 евра!

СООБРАЌАЈНИ КОНТРОЛИ НА ХАЛКИДИКИ: Српски туристи казнети со 200 евра!

OSZAR »