БРОЈОТ НА НОВОРОДЕНЧИЊА СЕ НАМАЛИЛ, А СЕ ЗГОЛЕМИЛЕ УМРЕНИТЕ - негативниот природен прираст продолжува

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2025 13:06
Од почетокот на годината Македонија повторно бележи негативен природен прираст, при што разликата меѓу новородените и умрените во земјава достигнува 1.872 лица.
Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2025 година бројот на живородените деца е 3.526, и во споредба со истиот период од 2024 е намален за 2,9 отсто.
Од друга страна, бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 3,8 проценти во споредба со истото тримесечје од 2024 и изнесува 5.398 лица, а од нив 15 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -1.872, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината се склучени 1.846 бракови и нивниот број е намален за 25,8 отсто во споредба со истиот период од 2024 година.
Регистрирани се 465 разведени бракови, што претставува намалување од 22,1 процент во споредба со истиот период од 2024 година.
Можеби ќе ве интересира
БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Нема план Б за Македонија

БУГАРСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ ИЗГЛАСАА РЕЗОЛУЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА: Бараат земјава да ги спроведе договорените обврски

ТАРАВАРИ ОБЈАВИ ЕДНА ОД ПРИЧИНИТЕ ПОРАДИ КОИ ЈА НАПУШТИЛ ВЛАДАТА: Тие сакаа партиски вработувања!

„ГАНИУ УСПЕАЛ ДА НАЈДЕ НАЧИН КАКО ДА ПАТУВА НИЗ ВРЕМЕТО“: Арсовска покажа дека зграда изградена сега, заведена е во Катастар како изградена пред 2011 година

20 години Кроациа Осигурување – Живот во Македонија: две децении посветеност, доверба и партнерство

ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ ОГРОМЕН БРОЈ ДОКАЗИ, ИЗВРШЕНИ СЕ РАСПИТИ НА 400 СВЕДОЦИ - Обвинителството ја заврши истрагата за страотниот пожар во Кочани

Пендаровски: Не е потпишан договор за стратешко партнерство со Британија

ЗА ПАНЧО ЗАСЕГА НЕ СЕ ВОДИ ПОСТАПКА, БИДЕЈЌИ ТОЈ Е ВО ТЕШКА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА - ова го одлучиле обвинителите во консултација со лекарите
