01 Јуни, 2025
0.0428

АРСОВСКА НАВИСТИНА ОБЈАВУВА ФЕЉТОН: Тврди дека ќе се градат хемиски фабрики во Ѓорче и тоа над бунарите од кои скопјани пијат вода, а не го заборави ниту Ганиу!

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2025 07:00

Добивај вести на Viber

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во понеделникот вети дека ќе објавува фељтон за фатените криминали од страна на град Скопје и си стои до дадениот збор. 
Имено, откако во понеделникот започна во живо да објавува видео за незаконски изградени згради во општина Чаир, со исто темпо продолжи и во вторникот и вчера.
Според последните нејзини објави, таа откри дека градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, по објавеното видео од нејзина страна, до Катастар поднел Решение за поништување на Решението кое го издале за како што тврди Арсовска, криминалната легализација со фалсификувани документи.
Наместо во истрага за криминалот, институциите во Македонија активно учествуваат, поддржуваат и поттикнуваат КРИМИНАЛ.

Општина Чаир вчера во 14.44 часот до Агенцијата за катастар на недвижнини поднеле Решение за поништување на Решението кое го издадале за криминалната легализација со фалсификувани документи што ја откривме.

Решението го антидатирале демек е направено на 02.05.2025 за да изгледа дека постапиле пред целиот криминал да биде објавен јавно, ама не можат да покријат дека вчера им е поднесен во катастар неколку часа по нашите пријави во МВР.

Срамот да биде поголем во обидот за прикривање докази активно учествуваат Владата и Министерот за внатрешни работи кои наместо да “филозофираат”, треба да постапуваат за да ги фатат криминалците, а не да дозволат тие да ги покријат нивните криминали.

До сега требаше да сте во општината и да ги имате обезбедено сите докази а не да им дозволувате на Висар Ганиу и Изет Меџити да си ги покриваат криминалите и да УНИШТУВААТ ДОКАЗИ!!!

Јавното обвинителство мора да постапи во разоткривање на криминалот кој се случува пред очите на целата јавност“, објави таа.

Во пост подоцна објавен, таа открива шокантни информации. Тврди дека во општина Ѓорче Петров ќе се градат хемиски згради.
„ Во општина Ѓорче Петров ќе се градат на 157.000 m2 три индустриски објекти хемиски фабрики и дополнително над 30 згради со кои ќе се пренатрупа за двојно повеќе бројот на жители дозволени согласно ГУП во тој дел на градот.

Дополнително, хемиските фабрики и зградите ќе се градат врз бунарите во заштитната зона Нерези - Лепенец од кои вода пие цело Скопје.

ДУП-от е донесен во постапка спротивна на закон, без позитивна согласност од градот Скопје што е задолжителен елемент за правосилност на ДУП.

Уставниот суд, веројатно допингуван со “Кафетин”, одлучува да не ја разгледува иницијативата за оценка на Уставност поднесена од град Скопје, па нејасно е ако не ја разгледуваат како се осмелиле да дадат образложение дека не се докажало дека ДУПот е незаконски и неуставен.

А КАКО ДА СЕ ДОКАЖЕ ДЕКА Е НЕЗАКОНСКИ, АКО СТЕ ОДЛУЧИЛЕ ДА НЕ ЈА РАЗГЛЕДУВАТЕ ИНИЦИЈАТИВАТА??

Иако ги имаат доказите на маса доставени од наша страна, Уставните судии одлучија воопшто да не ја разгледуваат иницијативата, а ако ја разгледаа немаше да можат да одлучат во интерес на УРБАНАТА МАФИЈА!!!

Следниот пат, за да не се вознемирени кога треба да разгледуваат докази по доставена ИЗДРЖАНА ИНИЦИЈАТИВА, за да не ја отфрлат пред рагледување како денес предлагам изведувачите на хемиските фабрики да ги допингуваат со “Дијазепам”.




Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ, ВОДАТ СОПСТВЕНИ ИСТРАГИ: Ако не ја добијат правдата, вистината ќе ја обелоденат во меѓународни рамки

РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ, ВОДАТ СОПСТВЕНИ ИСТРАГИ: Ако не ја добијат правдата, вистината ќе ја обелоденат во меѓународни рамки

ЕДНА ЖЕНА ЗАГИНА, ШЕСТМИНА СЕ ПОВРЕДЕНИ: Страшна сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар

ЕДНА ЖЕНА ЗАГИНА, ШЕСТМИНА СЕ ПОВРЕДЕНИ: Страшна сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар

„НЕМА ДА БИДЕ ЛЕСНО, НИТУ БИЛО“: Ангелов посвети статус на промената на работното место

„НЕМА ДА БИДЕ ЛЕСНО, НИТУ БИЛО“: Ангелов посвети статус на промената на работното место

„АКО НЕ ОДГОВОРИ МИЦКОСКИ, ОДГОВОРИТЕ ЌЕ ГИ ОБЕЛОДЕНИМЕ НИЕ“: И СДСМ се огласи за криминалот што го обелодени Арсовска

„АКО НЕ ОДГОВОРИ МИЦКОСКИ, ОДГОВОРИТЕ ЌЕ ГИ ОБЕЛОДЕНИМЕ НИЕ“: И СДСМ се огласи за криминалот што го обелодени Арсовска

ГРАДИЛИШТЕТО ЌЕ СЕ ЗАТВОРИ: Се огласи битолскиот градоначалник

ГРАДИЛИШТЕТО ЌЕ СЕ ЗАТВОРИ: Се огласи битолскиот градоначалник

СЕПАК ОТИДЕ ВО ОБВИНИТЕЛСТВО: Арсовска однесе докази во ОЈО за криминалите во Чаир

СЕПАК ОТИДЕ ВО ОБВИНИТЕЛСТВО: Арсовска однесе докази во ОЈО за криминалите во Чаир

ПАДНА КРАН НА ГРАДИЛИШТЕ: Поранешната касарна во Битола од поодамна е градилиште

ПАДНА КРАН НА ГРАДИЛИШТЕ: Поранешната касарна во Битола од поодамна е градилиште

„ИГНОРИРАЊЕТО НА ПРОВОКАЦИИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ, 'ЕЛЕГАНТНО' ЈА ВРАЌА МАКЕДОНИЈА НА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА“: Величковски за бугарската резолуција

„ИГНОРИРАЊЕТО НА ПРОВОКАЦИИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ, 'ЕЛЕГАНТНО' ЈА ВРАЌА МАКЕДОНИЈА НА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА“: Величковски за бугарската резолуција

МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЛЕТНИ ГОРЕШТИНИ: Нареднава недела температурите ќе се искачат над 35 степени!

МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЛЕТНИ ГОРЕШТИНИ: Нареднава недела температурите ќе се искачат над 35 степени!

OSZAR »