Караван за финансиско советување и забава со НЛБ Банка и Кроација Осигурување Живот во Ист Гејт Мол

Објавено во: Мои пари 30 Мај, 2025 13:05
Оваа сабота, 31 мај, од 12:00 до 14:00 часот НЛБ Банка и Кроација Осигурување Живот ве покануваат да ја посетите НЛБ експозитурата во Ист Гејт Мол и да уживате во едукативен и забавен настан.
Настанот е дел од Караванот за финансиско советување, кој трае од 19 мај до 20 јуни. Посетителите ќе имаат можност да се информираат и добијат стручни совети за производите на Кроација Осигурување Живот, достапни преку НЛБ Банка. Организаторите ветуваат креативна забава за најмладитеи подароци – идеално за целото семејство!
Караванот продолжува и во наредниот период во експозитурите на НЛБ Банка низ земјава, во соработка со партнерите Сава Осигурување, Кроација Осигурување Живот, Сава Пензиско Друштво, Триглав Осигурување Живот и НЛБ Фондови, со цел да им овозможи на клиентите сеопфатна едукација, стручно советување и детални информации за сите небанкарски финансиски продукти кои се нудат преку НЛБ Банка.
НЛБ Банка, како водечка финансиска институција, постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, нудејќи им на клиентите широк избор на банкарски и небанкарски продукти на едно место. Банката е тука да ги поддржи клиентите во носењето паметни финансиски одлуки и во обезбедувањето сигурна финансиска иднина.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ИГРАЧ ОД ВЕВЧАНИ ЌЕ ВОЗИ МЕРЦЕДЕС АМГ, ОСВОЕН Е ПРЕМИУМ ЏЕКПОТOT НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Невронауката како алатка за лидерство: Тренинг и конференција во Скопје со светски експерти

„Чувари на мудроста“: Слушајте го вашиот глас, бидете искрени, читајте многу, работете на својот интегритет и карактер

ИНТЕРВЈУ ИЛИЈЕВСКИ: Индустрија што може повеќе: Време е игрите на среќа да добијат нова улога

Македонски Телеком имплементираше систем за рано предупредување во рудникот „Саса“

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за четврток 05.06.2025 изнесува 96,97 евра за мегават час, на МЕМО 103,48 евра за мегават час
