27 Мај, 2025
0.0315

СЕ ЛИШУВААТ ОД ОДМОРИ, ДРУЖБИ, ОБРАЗОВАНИЕ: Сиромаштијата сериозно ги погодува луѓето во Македонија

Објавено во: Економија 24 Мај, 2025 17:42

Добивај вести на Viber

Во текот на животoт, поради сиромаштија, луѓето се откажувале од одмори, дружби, а во некои случаи поради немање финансии, останале нереализирани и нивните планови за дообразување. Најтешко е кога луѓето имаат здравствен проблем, а немаат финансии за истиот навреме да го санираат. Според истражувањата, од 25 до 30 отсто од македонското население е погодено од енергетска сиромаштија. Над половина од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор во траење од една седмица, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Направивме анкета со граѓани и тие потврдуваат дека поради сиромаштија се одрекувале од многу работи. Приоритет им било да имаат за храна, за сметки, за потребите на децата, а нивните потреби биле во втор план.

„Сум била во ситуација да си кратам за свои потреби. Не одев на одмор, штедев на гардероба за да ги школувам децата. Паузата траеше 4 години, додека децата беа во средно училиште, тогаш не одев на одмор. На многу работи сум си кратела“, рече Снежана Д. граѓанка.

Друга жена вели дека кај неа не се работи за 4 години, туку подолг период не заминала на одмор, поради немање финансии.

„Не одев на одмори подолго време. Доаѓаа некои кризи. Некое време бевме лишени од одмори. Секогаш фалат финансии, но сепак мораме да ги пуштиме нозете колку ни е чергата, треба внимание со финансиите каде и како се трошат“, додава Гордана А. граѓанка.

Некои луѓе велат дека имало одрекувања поради сиромаштија, но не сакаат да зборуваат за тоа. 

„Моите родители живеат на 120 километри од тука. Од еден град во Македонија, сум дошла да живеам во друг. Само еднаш во три години одев да ги посетам родителите, затоа што ако одев почесто, ќе немав пари за децата. Имам 61 година, досега не сум отишла на одмор“, кажа Невенка П. граѓанка.

Социологот Лилјана Полевска објаснува дека има многу случаи кога младите не успеале да завршат високо образование поради ниските примања на семејството.

„Секако дека има деца коишто не можат да си дозволат високо образование поради финансии. Кај нас на Истокот ги гледам дека студентите веќе се во кафулињата, по цело лето работат за да им олеснат на родителите. Тешко е, сиромаштијата си го прави своето“, вели  Полевска.

Во 2022 година, стапката на сиромашни лица во Македонија била 22.9 отсто.  Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2022 година е 27.2 отсто. Стапката на сиромашни вработени лица е 8.9 отсто, додека стапката на сиромашни пензионери е 9.9 отсто.  Во 2021 година, стапката на сиромашни била 23 отсто, објави Државниот завод за статистика(ДЗС).  Во 2020 година, стапката на сиромашни лица во државата изнесуваше 21.8 отсто. Секое трето дете во Македонија според УНИЦЕФ живее во сиромаштија.

Во 2024 година, според Евростат,  93,3 милиони луѓе во ЕУ биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост и ова е еквивалентно на 21 отсто од населението на ЕУ.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/jcomp

Можеби ќе ве интересира

Два нови тренда на отказ: Одмазда и летаргија

Два нови тренда на отказ: Одмазда и летаргија

ФИЛИПИНЦИ, НЕПАЛЦИ, ИНДИЈЦИ РАБОТАТ ВО ХРВАТСКА: Некои одговориле дека до крајот на животот ќе останат во земјата

ФИЛИПИНЦИ, НЕПАЛЦИ, ИНДИЈЦИ РАБОТАТ ВО ХРВАТСКА: Некои одговориле дека до крајот на животот ќе останат во земјата

СКОРО И ДА НЕМА НЕВРАБОТЕНИ: Koи се земјите кои можат да се пофалат со екстремно ниска невработеност?

СКОРО И ДА НЕМА НЕВРАБОТЕНИ: Koи се земјите кои можат да се пофалат со екстремно ниска невработеност?

ЌЕ ИМА НАДДАВАЊЕ: AEK ќе распише јавен тендер за нов мобилен оператор

ЌЕ ИМА НАДДАВАЊЕ: AEK ќе распише јавен тендер за нов мобилен оператор

ПЛАТИ НИЗ ЕВРОПА: Каде нето заработката е поголема од бруто?

ПЛАТИ НИЗ ЕВРОПА: Каде нето заработката е поголема од бруто?

Колку пари заработи лани газдата на „Тајм.мк“? Агрегаторот на вести попрофитабилен дури и од банка!

Колку пари заработи лани газдата на „Тајм.мк“? Агрегаторот на вести попрофитабилен дури и од банка!

Со нов инвестициски циклус ТИТАН Усје го одбележува 70-годишниот јубилеј

Со нов инвестициски циклус ТИТАН Усје го одбележува 70-годишниот јубилеј

ТОП 10 ЕКОНОМИИ ВО СВЕТОТ ВО 2025 ГОДИНА, СПОРЕД ММФ: Индија станува четврта економска светска сила

ТОП 10 ЕКОНОМИИ ВО СВЕТОТ ВО 2025 ГОДИНА, СПОРЕД ММФ: Индија станува четврта економска светска сила

Божиновска: Се разгледуваат најдобрите финансиски услови за ХЕЦ Чебрен

Божиновска: Се разгледуваат најдобрите финансиски услови за ХЕЦ Чебрен

OSZAR »