22 Мај, 2025
0.0402

СИМПТОМИТЕ НА НАПРЕДНАТ МЕЛАНОМ СЕ НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ ОД БОЛЕСТА, ВЕЌЕ Е ДОЦНА ЗА ПАЦИЕНТОТ: Од овој канцер над 57.000 луѓе годишно ја губат битката

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2025 07:38

Добивај вести на Viber

Секоја година речиси 325.000 луѓе во светот се соочуваат со дијагноза меланом, најагресивниот и најсмртоносен облик на рак на кожа. Од нив, над 57.000 ја губат битката со болеста, покажуваат податоците на Глобалниот регистар за рак (GLOBOCAN) при Светската здравствена организација. Според проценките, до 2040 година бројот на новозаболени ќе надмине 500.000, а бројот на смртни случаи ќе се искачи на 96.000 годишно.

Во овој контекст, месец мај, кој во светски рамки се одбележува како месец за подигање на свеста за меланомот и заштитата на кожата, е можност да се истакне на важноста од превенцијата и раното откривање. Кампањите ширум светот го промовираат самопрегледот на кожата, носење соодветна облека и користење креми со заштитен фактор како едноставни, но клучни чекори кои можат да спасат живот.

Највисоки стапки на инциденца се забележани во Австралија и Нов Зеланд (42 на 100.000 мажи и 31 на 100.000 жени), проследено со Западна Европа и Северна Америка. Во поголемиот дел од Африка и Азија, оваа болест сè уште се смета за ретка. Меланомот е почест кај мажите, но кај популацијата под 50 години, стапките кај жените се повисоки. Она што загрижува е дека оваа форма на рак се појавува и кај адолесценти – и покрај тоа што ризикот расте со возраста.

Мај е месец на подигање на свеста за меланомот, кога многу земји организираат јавни кампањи, бесплатни дерматолошки прегледи и едукации за важноста од заштита од сонце и рана дијагноза. Тоа е особено важно ако се земе предвид дека меланомот, за разлика од другите типови на рак на кожа, има голем потенцијал да метастазира и да се прошири на витални органи.

Состојбата во Македонија: алармот е вклучен

И покрај малата површина и релативно скромните климатски влијанија во споредба со другите земји, податоците за меланомот во Македонија се сè повеќе загрижувачки. Според официјалните податоци за 2023 година, од меланом починале 55 лица, од кои 41 биле мажи, а 14 жени. Стапката на морталитет изнесува 3,0 на 100.000 жители, односно 4,5 на 100.000 мажи и 1,5 на 100.000 жени.

Покрај тоа, во истата година регистрирани се 46 смртни случаи од други малигни неоплазми на кожа. Овие податоци ја потврдуваат важноста од редовни контроли и засилена јавна едукација, особено во контекст на ограничениот пристап до дерматолошки услуги во дел од здравствениот систем.

Меланомот може да се појави на која било локација на телото и на оние делови кои се директно изложени на сонце, но и на оние кои се скриени со облека. Кај мажите најчесто се јавува на трупот, додека кај жените на нозете. Опасноста е што болеста може да се појави и на очите или внатрешни органи, а поттипот на меланом влијае врз местото на појава на пример, акралниот лентигинозен меланом се појавува на дланки, стапала или под нокти.

Кои се симптомите на меланом?

Според анализата на Институтот за јавно здравје, меланомот е најподмолниот малигнитет бидејќи речиси за цело време на болеста заболениот не чувствува никакви симптоми, а особено ако не обрнува внимание на неговите веќе постоечки младежи никогаш нема да се посомнева дека со него нешто се случува.

-Симптомите на напредната болест се најтешкиот дел од болеста, бидејќи тогаш кога ќе се појават симптоми од други органи или органски системи како резултат на метастазирање на туморот, веќе е доцна за пациентот, се наведува во анализата.

Знаци по кои можеме да го препознаеме меланомот

Знаците по кои можеме да го препознаеме меланомот се всушност промени на веќе постоечките младежи и појава на нови младежи кои исто така покажуваат значајни промени. Односно, се смета дека секоја промена на кожата која расте во дијаметар, расте над нивото на кожата, ја менува бојата, има нејасни граници и неправилен облик, а претходно ги немала сите овие карактеристики – најверојатно е меланом.

Како да се превенира меланомот?

Американското здружение за рак препорачува професионален преглед на кожата секоја година за луѓе постари од 40 години, а на секои 3 години за луѓе на возраст од 20-40. Исто така, еднаш месечно треба да се врши самопреглед на кожата, со користење на огледало. Доколку се забележи било каква промена треба да се отиде на лекар.

Раното откривање може да спаси живот

Специјалистите предупредуваат на важноста од рано откривање преку правилото ABCDE:

Асиметрија: бемка со нерамномерни половини

Бордер (граници): назабени или нејасни рабови

Цолор (боја): нерамномерна боја

Дијаметар: бемка поголема од грашок

Еволуција: било каква промена на бемката

Во раните стадиуми, меланомот може успешно да се отстрани, но со напредување, шансите за излекување опаѓаат. Затоа, клучно е да се инсистира на редовни дерматолошки прегледи, особено кај луѓето со светол тен, наследна предиспозиција или зголемен број бемки.

Анита Буховски

фото: YouTube/Print Screen

Можеби ќе ве интересира

„ЗАСЕГА ТОЛКУ МОЖЕМЕ“: Коцевски откри до каде е истрагата за пожарот во Пулс во Кочани

„ЗАСЕГА ТОЛКУ МОЖЕМЕ“: Коцевски откри до каде е истрагата за пожарот во Пулс во Кочани

ОБВИНИТЕЛСТВО СО ДВЕ ОБВИНЕНИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ „ОНКОЛОГИЈА“: четворица лекари онколози се товарат за несовесно лекување, еве ги деталите

ОБВИНИТЕЛСТВО СО ДВЕ ОБВИНЕНИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ „ОНКОЛОГИЈА“: четворица лекари онколози се товарат за несовесно лекување, еве ги деталите

НАЈМНОГУ ПРЕКРШЕНИ ПРАВАТА ЗА ДОБИВАЊЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ: Еве на што најмногу се жалеле граѓаните

НАЈМНОГУ ПРЕКРШЕНИ ПРАВАТА ЗА ДОБИВАЊЕ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ: Еве на што најмногу се жалеле граѓаните

Демант на текст на Фактор од Сашо Давитковски

Демант на текст на Фактор од Сашо Давитковски

„ЈАС МУ ОБЛАКАМ ЧОРАПИ, ГО МАЧКАМ, МАСИРАМ...“: траорно сведоштво на мајка на повреден во дискотеката во Кочани (ВИДЕО)

„ЈАС МУ ОБЛАКАМ ЧОРАПИ, ГО МАЧКАМ, МАСИРАМ...“: траорно сведоштво на мајка на повреден во дискотеката во Кочани (ВИДЕО)

„Примените и потрошените лекови за ретки болести не се евидентирани“: ревизорите со забелешки за работењето на Клиниката за хематологија

„Примените и потрошените лекови за ретки болести не се евидентирани“: ревизорите со забелешки за работењето на Клиниката за хематологија

„ДОДЕКА ЈАС СУМ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА, ГАРАНТИРАМ ПОДЕДНАКОВ РАЗВОЈ НА СЕКОЈ МЕТАР КВАДРАТЕН“: Мицкоски вели секаде исто се инвестира

„ДОДЕКА ЈАС СУМ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА, ГАРАНТИРАМ ПОДЕДНАКОВ РАЗВОЈ НА СЕКОЈ МЕТАР КВАДРАТЕН“: Мицкоски вели секаде исто се инвестира

ФИЛМСКА ДРАМА НА ТАБАНОВЦЕ: Горело БМВ во движење, пожарникари го гаселе

ФИЛМСКА ДРАМА НА ТАБАНОВЦЕ: Горело БМВ во движење, пожарникари го гаселе

„СЕРИОЗНИ МЕДИУМИ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, ИЗВЕСТУВААТ ДЕКА ЗЕМЈИТЕ ОД БАЛКАНОТ ЌЕ СТАНАТ ЦЕНТРИ ЗА ПРИФАЌАЊЕ БЕГАЛЦИ“: Филипче со критики за стратешкиот договор

„СЕРИОЗНИ МЕДИУМИ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, ИЗВЕСТУВААТ ДЕКА ЗЕМЈИТЕ ОД БАЛКАНОТ ЌЕ СТАНАТ ЦЕНТРИ ЗА ПРИФАЌАЊЕ БЕГАЛЦИ“: Филипче со критики за стратешкиот договор

OSZAR »